среда, септември 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Украина удри по руската флота: За 12 дена погодени 159 бродови

by Redakcija
17.07.2026
in Свет

Украинските сили за беспилотни системи соопштија дека во изминатите 12 дена погодиле 159 бродови поврзани со руската таканаречена „флота во сенка“, која Москва ја користи за транспорт на нафта и товар надвор од системот на меѓународни санкции.

Според командантот на украинските Сили за беспилотни системи, Роберт Бровди, нападите се дел од операцијата „Молочко“, чија цел е нарушување на руската поморска логистика во Црното и Азовското Море.

Бровди информираше дека само во една ноќ биле погодени 12 пловила – девет товарни бродови, еден танкер, еден танкер за гас и еден влекач. Вкупната бројка на погодени бродови, според украинските податоци, изнесува 159, од кои 117 во Азовското и 42 во Црното Море.

Украинската страна наведува дека целта не е потопување на бродовите, туку нивно оневозможување, со цел да се избегнат можни еколошки последици од истекување на нафта и гориво.

„Целта е да се парализира логистиката за транспорт на нафта, гориво и товар, која се користи за заобиколување на санкциите“, изјави Бровди, додавајќи дека операцијата е насочена кон создавање нефункционална флота.

Според Киев, станува збор за помали и средни танкери кои се користат за транспорт на руска нафта преку Волга-Донскиот канал и Азовското Море до поголеми бродови во Црното Море.

Украина тврди дека „флотата во сенка“ има клучна улога во финансирањето на руските воени активности, бидејќи овозможува продолжување на извозот на енергенси и покрај санкциите воведени од западните земји.

Од Москва, пак, ги осудија нападите и ги оценија како незаконски. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека дејствијата на Украина претставуваат „терористички напади“, додека Киев ги отфрла ваквите обвинувања и тврди дека станува збор за легитимни воени операции против инфраструктура поврзана со руската воена економија.

Европските држави во последниот период ги засилуваат мерките против руската „флота во сенка“, за која се проценува дека брои стотици до над илјада бродови и се користи за избегнување на ограничувањата врз рускиот извоз на нафта.

…

Related Posts

Напад со импровизирани ракети во Германија, полицијата на нозе

02.09.2026

11 земји од ЕУ бараат да се укине ветото во надворешната политика, Германија ја предводи иницијативата

01.09.2026

Пензијата во Европа се поместува: Данска ќе бара работа до 70 години, а подоцна и до 74

01.09.2026

ВИДЕО – Индиски верски лидер се појави во необично возило: Верниците се редат за да му се поклонат и да му ги бакнат стапалата

01.09.2026

Преживеаните од бродоломот на Кипар: „Седиштата почнаа да лебдат, капетанот продолжи да плови, а потоа се слушна експлозија“

31.08.2026
Над 107.000 домаќинства во Германија банкротирале во 2025, поради наглиот раст на цените

Поминал 40 години работејќи во Германија и сега открива колкава пензија го чека: Балканците се прашуваат дали се исплати

31.08.2026

Препорачани Вести

УТРЕ ДЕЛ ОД ТЕТОВО И ДВЕ ТЕТОВСКИ СЕЛА ЌЕ БИДАТ БЕЗ СТРУЈА

4 месеци ago

Кривична за полицаец поради сомнение за оддавање службена тајна

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Вештачката интелигенција брише работни места – Ова се 12-те професии кои исчезнуваат до 2035

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СРБИЈА: Запленети над 200 килограми дрога во стан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја утре делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • IN MEMORIAM: Почина Јован Донев, еден од најголемите македонски интелектуалци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја утре дел од Тетово и повеќе тетовски села

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.