вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Епидемија во Гостивар! Здравствените власти го активираат највисокиот степен на надзор, истрагата за водата влегува во клучна фаза

by admin
19.07.2026
in Македонија, Република
Епидемија во Гостивар! Здравствените власти го активираат највисокиот степен на надзор, истрагата за водата влегува во клучна фаза

Здравствените власти ќе прогласат епидемија на заразна болест на подрачјето на Гостивар, откако наглиот пораст на заболени со симптоми на гастроентероколит ја вклучи алармантната состојба во сите надлежни институции. Одлуката има за цел да овозможи поефикасна координација, побрза реакција и целосна контрола на состојбата, додека паралелно продолжува истрагата за можниот извор на заразата.

Раководителот на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за јавно здравје, д-р Драган Кочински, изјави дека сите превентивни и надзорни мерки веќе се спроведуваат на терен, а формалното прогласување епидемија ќе овозможи уште поефикасна меѓуинституционална соработка во справувањето со кризата.

Досега официјално се пријавени 140 лица со симптоми на заразна болест. Дел од нив веќе се епидемиолошки анкетирани, додека за останатите постапката е во тек и ја спроведуваат тимови на епидемиолози од Центарот за јавно здравје – Гостивар и Институтот за јавно здравје.

Дополнителна загриженост предизвикува фактот што преку националниот систем „Алерт“ е регистрирано надминување на неделниот епидемиолошки праг за заболени на територијата на Гостивар, што беше еден од клучните показатели за носење одлука за прогласување епидемија.

Во меѓувреме, Институтот за јавно здравје е во постојана координација со Центарот за јавно здравје Тетово – Подрачна единица Гостивар, Министерството за здравство, Основното јавно обвинителство Гостивар и Министерството за внатрешни работи.

По налог на Јавното обвинителство, стручни екипи извршија увид на посочените локации и зедоа примероци од водата за микробиолошки и физичко-хемиски анализи. Испитувањата започнаа веднаш по враќањето на екипите во лабораториите во раните утрински часови, а резултатите се очекува утре и ќе бидат доставени до Јавното обвинителство, кое потоа ќе донесе одлука за натамошното постапување.

Одделот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје е во постојана комуникација со епидемиолозите во Гостивар, при што се дадени насоки за спроведување на епидемиолошките анкети и земање мостри од пациентите за микробиолошка анализа. Институтот ги ставил на располагање сите свои стручни и лабораториски капацитети со цел што побрзо да се утврди причината за појавата на болеста.

Во меѓувреме, Агенцијата за храна и ветеринарство уште на 17 јули издаде привремена забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека водата е небезбедна за употреба. На граѓаните и понатаму им се препорачува водата да не ја користат за пиење и подготовка на храна сè додека надлежните институции официјално не потврдат дека е безбедна.

Од Основното јавно обвинителство Гостивар потврдуваат дека активно постапуваат по пријавата за квалитетот на водата за пиење. Локацијата во Вруток и понатаму е обезбедена по наредба на јавен обвинител, а конечната одлука за натамошните чекори ќе биде донесена веднаш по добивањето на лабораториските резултати.

Надлежните институции апелираат граѓаните строго да ги почитуваат сите препораки и да избегнуваат користење на водата од водоводниот систем сè додека не завршат анализите и не се утврди точната причина за појавата на заразата.

Related Posts

Хороскоп за 29 септември: Љубовни пресврти, пари и важни одлуки

29.09.2026

Топлотен бран од Сахара се движи кон Балканот: Следуваат сончеви и топли денови

28.09.2026

Утре дел од Тетово и Брвеница ќе бидат без струја

28.09.2026

Димитриеска-Кочоска: Амбасадорот Лосон даде значаен придонес во нашите односи со Обединетото Кралство

28.09.2026

Македонија полна со грчки возачи: Масовно доаѓаат по поевтио гориво

28.09.2026

Коњановски: Ален Рустемовски испишува историја, Општина Битола ќе го поддржи со 1 милион денари

28.09.2026

Препорачани Вести

11 возачи лишени од слобода за управување возило без возачка дозвола или со активна забрана

8 месеци ago

Македонско друштво “Илинден“-Тирана потпиша Меморандум за соработка со Здружение “ВАРДАР-МКД“ од Подгорица, Црна Гора

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Србин преку хрватска картичка точел дизел по едно евро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МЕРМС со 100% активна транспарентност: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ попушта за бензинците и дизелашите, но се појави непријатен детал околу одлуката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во услови на енергетска криза: Македонија со најниска цена на дизелот во регионот и пошироко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Електричен седан долг 4,8 метри се продава за 10.600 евра: Зошто во Европа истите автомобили чинат двојно и повеќе?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.