вторник, јули 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Обвинителство: Фекалии од канал завршувале во водата за пиење во Гостивар

by Redakcija
20.07.2026
in Македонија

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три одговорни лица од ЈП „Комуналец“ – Гостивар, кои се осомничени за тешки дела против животната средина и загадување на водата за пиење.

Според соопштението на Обвинителството, осомничени се вршителката на должност директор на јавното претпријатие, техничкиот раководител на Секторот за технички работи и раководителот на Одделението за водовод, канализација и градежни работи.

Истрагата покажала дека на 25 јуни, двајца од осомничените им дале усна наредба на вработени да постават три потопни пумпи во канал со површинска вода во близина на преливната комора за вода за пиење, со образложение дека се врши тестирање на притисокот.

При полициски увид извршен на 16 јули, било утврдено дека две од пумпите сè уште работеле и преку потисни црева директно внесувале вода од отворен канал во затворената комора на водоснабдителниот систем. Според Обвинителството, станува збор за вода оптоварена со колиформни бактерии, која се мешала со водата за пиење и влегувала во главниот цевковод што ги снабдува Гостивар и дел од околните населени места.

По наредба на јавен обвинител, Институтот за јавно здравје извршил лабораториски анализи, кои, како што наведува ОЈО, потврдиле сериозна бактериолошка контаминација.

„Имајќи предвид дека настанатите промени од загадувањето не можат лесно да се отстранат, јавниот обвинител оцени дека се исполнети сите елементи кои даваат основано сомнение дека е сторено кривично дело ‘Тешки дела против животната средина и природата’ во врска со загадување на вода за пиење“, соопшти Основното јавно обвинителство.

Тројцата осомничени се лишени од слобода, а во текот на утрешниот ден јавниот обвинител ќе предложи соодветни мерки за обезбедување пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар.

…

Related Posts

Македонската земја крие богатства: Шест римски вили откриени при изградбата на гасоводот во Гевгелија

21.07.2026

Демант од Министерството за внатрешни работи

21.07.2026

ВЛЕН: Ќе има одговорност за состојбата во Гостивар – здравјето на граѓаните е над сè

21.07.2026

Историска посета: Претседателката на Индија пристигна во Македонија, во фокусот економијата и билатералната соработка

20.07.2026

Се намалува бројот на нови случаи со гастроентероколит во Гостивар, здравствените власти остануваат на терен

20.07.2026

Владата испраќа 60.000 литри вода во Гостивар, Мицкоски: Граѓаните нема да бидат оставени сами

21.07.2026

Препорачани Вести

Тројца лекари сами пријавиле дека биле преплатени: Вратиле 25.000 евра

Тројца лекари сами пријавиле дека биле преплатени: Вратиле 25.000 евра

3 месеци ago

Москва бесна по акцијата на САД во Атлантикот

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Истрели од огнено оружје во Непроштено: Куршуми завршиле во двор од куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Над два милиони патници на аеродромите во Скопје и Охрид за шест месеци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Прилеп покажува хуманост, повик за донација на вода за жителите на Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Обновливата енергија мора да ја поврземе со складирање, паметни мрежи и дигитално управување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата со акција во Тетово: Пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.