Воен хеликоптер на чешката армија денеска се урна на истокот од земјата, а во леталото се наоѓале пет припадници на вооружените сили, соопшти чешката војска преку социјалната мрежа Икс.
Несреќата се случила во воената база во градот Намешт над Ославоу, која се наоѓа на околу 180 километри југоисточно од Прага. На местото веднаш биле испратени екипи на службите за итни случаи, кои интервенираат по падот на хеликоптерот.
Засега не се познати причините за несреќата, а чешките власти сè уште не објавија информации за здравствената состојба на петтемина војници што биле во леталото.
Надлежните институции најавија истрага која треба да ги утврди околностите под кои дошло до падот на воениот хеликоптер.
…













