сабота, јули 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Тајните служби го предупредиле Трамп за иранска закана, среде пат го сменил претседателскиот авион

by Redakcija
25.07.2026
in Свет

Њујорк Тајмс тврди: Претседателот го напуштил НАТО самитот во Анкара со стариот Air Force One, наместо со новиот авион подарок од Катар

Американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на јуни поради иранска закана ненадејно го заменил авионот со кој го напуштил самитот на НАТО во Анкара, летaјќи со постариот Air Force One наместо со оној што му го подарил Катар, пишува во саботата Њујорк Тајмс.

Повикувајќи се на анонимни извори, американскиот весник пишува дека заканата се појавила додека Трамп учествувал на собирот на НАТО. Во турската престолнина претходно допатувал со новиот Боинг 747-8, подарок од Катар, кој според наводите нема напредни одбранбени способности како стариот Air Force One.

Замена на авионот и официјално објаснување

По предупредувањето од тајните служби, Трамп го променил авионот, а потоа тврдел дека замената била направена за да им се даде можност на американските војници во Британија да го разгледаат новиот авион, пишува Тајмс.

Од Турција Трамп тргнал со стариот авион, а потоа во Обединетото Кралство се качил во новиот претседателски авион, со кој продолжил кон Вашингтон.

Истрага за истекување информации

Њујорк Тајмс претходно овој месец објави дека властите се сомневаат во безбедносните способности на млазниот авион што му го подарила блискоисточната држава на републиканецот.

Властите на тие написи одговориле со истрага за истекување информации, барајќи сведочење на неколку новинари пред порота, како и предавање на листата на нивните повици и на нивните семејства.

Трамп минатиот викенд признал дека на новиот авион му недостасуваат некои карактеристики што ги имаат старите претседателски модели на Боинг, одговарајќи на новинар кој забележал недостаток на противракетна одбрана. Рече дека катарскиот авион наскоро ќе биде „максимално опремен“.

Related Posts

ГОРИ ЈУГОТ НА ЕВРОПА: Брисел испрати 11 воздухоплови за пожарите во Франција и Шпанија, евакуирани над 270.000 луѓе

25.07.2026

Минск алармира: Планиран напад во Полска, мета деца на активист

25.07.2026

КРВАВ РАКЕТЕН НАПАД КАЈ КИЕВ: Русија погоди изложба на дронови – 10 загинати, над 100 ранети

25.07.2026

Кремљ со остра реакција за новиот украински генерал

25.07.2026

Трамп со закана до Путин и Си

25.07.2026

Шпионирала од срцето на Алијансата – уапсена стажантка во воената команда на НАТО

25.07.2026

Препорачани Вести

trump fon der lajen

Трамп ја ублажува реториката: Договор за Гренланд наместо царини кон Европа

6 месеци ago
Неочекувани победи на Оскарите ја шокираа филмската индустрија

Неочекувани победи на Оскарите ја шокираа филмската индустрија

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Вработен од Центарот за вработување во Прилеп – барал по 6.000 денари месечно за да не укине социјална помош – Се бара притвор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избувна пожар во Тетовско: Повредена жена пренесена во тетовскиот Ургентен центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Илинденската коњаница тргна од Кочани кон Мечкин Камен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Брвеница: Денес акција за перење на улиците во седум населени места

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ГОРИ ЈУГОТ НА ЕВРОПА: Брисел испрати 11 воздухоплови за пожарите во Франција и Шпанија, евакуирани над 270.000 луѓе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.