недела, септември 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска: 30.000 денари државна поддршка за приклучок или котел на гас – јавниот повик е отворен

by Redakcija
30.07.2026
in Економија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат директна финансиска поддршка за граѓаните и ги поттикнува инвестициите во поекономично, поефикасно и почисто греење.

Во тек е јавниот повик за доделување субвенции за приклучување на природен гас и за набавка на котел на гас, преку кој домаќинствата можат да добијат финансиска поддршка до 30.000 денари, односно до 70 проценти од направените трошоци.

Министерството потсетува дека рокот за поднесување на барањата е 31 октомври 2026 година, а сите заинтересирани граѓани кои ги исполнуваат условите имаат доволно време да ја искористат оваа можност.

Со оваа мерка државата не само што им помага на семејствата да ги намалат сопствените трошоци за инвестиција, туку придонесува и за поголема енергетска ефикасност, користење почист енергенс и подобрување на квалитетот на животната средина.

Право на финансиска поддршка имаат домаќинства кои во текот на 2026 година ќе извршат куќен приклучок на системот за дистрибуција на природен гас, како и домаќинства кои ќе набават котел на природен гас за објект што бил приклучен на системот заклучно со 1 јануари 2026 година. За едно домаќинство може да се поднесе едно барање.

За оваа мерка се обезбедени 3 милиони денари, а средствата ќе се доделуваат согласно условите од јавниот повик. Средствата ќе се доделуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, до нивно исцрпување.

Повеќе информации има на сајтот на министерството – https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-oglasi/javen-oglas-za-nadomestuvanje-na-del-od-trosocite-za-izvedba-na-priklucok-na-sistemot-za-distribucija-na-gas-vo-rsm-ili-za-nabavka-na-kotel-na-gas-na-izvrsen-priklucok-na-sistemot-za-distribucija-na-gas-oktomvri

По завршувањето на рокот, комисија формирана од Министерството ќе ги разгледа доставените апликации, а финансиската поддршка ќе биде исплатена на сите корисници кои ги исполнуваат пропишаните услови.

Министерството ги повикува сите граѓани кои планираат приклучување на природен гас или набавка на котел на гас да не ја пропуштат можноста за државна поддршка и навремено да ја поднесат потребната документација.

Поддршката на граѓаните останува еден од приоритетите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Преку конкретни мерки и субвенции, Министерството продолжува да спроведува политики што носат директни придобивки за домаќинствата, ги намалуваат трошоците за енергија и го забрзуваат преминот кон поефикасни и поодржливи решенија за греење.

Related Posts

TESSA Energy ја модернизира поранешната Топлана Скопје Север: Нова инвестиција во домашното производство на електрична и топлинска енергија

12.09.2026

БОЖИНОВСКА ЗА „ТЕССА Енерџи“: СЕКОЈ НОВ ЕНЕРГЕТСКИ КАПАЦИТЕТ ЈА ЗАЈАКНУВА СИГУРНОСТА И СТАБИЛНОСТА НА ДРЖАВАТА

12.09.2026

МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики

12.09.2026

УЈП објави нова листа – Еве кој им должи на државата

12.09.2026

GREEN MACHINES ГО ЗАЈАКНУВА ПРИСУСТВОТО НА АМЕРИКАНСКИОТ ПАЗАР – GM720ze И GM500Zze ПРЕТСТАВЕНИ НА САЕМ ВО ХЈУСТОН

12.09.2026

Божиновска со Ацевски за наодите и препораките од ревизиите во енергетскиот сектор

11.09.2026

Препорачани Вести

ТОНЕВСКИ: Хумано решение за бездомните животни преку регионален стационар

7 месеци ago
Вселенскиот патријарх Вартоломеј ќе оддржи говор во грчкиот Парламент

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ќе оддржи говор во грчкиот Парламент

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Вработена во МВР повторно осомничена за злоупотреби со лични документи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголемиот должник во Македонија нема имот за наплата, државата не може да наплати 14,87 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови напади врз саудиската нафтена инфраструктура, загрозена клучната рута за извоз на нафта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Седуммина осомничени за фалсификување возачки дозволи во бегство, ОЈО бара притвор за тројца

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.