петок, септември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски: Очекувам намалување на цената на горивата и стабилизирање на инфлацијата

by Redakcija
29.07.2026
in Македонија, Топ Вести

Премиерот Христијан Мицкоски очекува во понеделник да има надолна корекција на цените на дизелот и на бензините во државава и дополнително стабилизирање на инфлацијата и додаде дека Владата останува на политиката за поддршка на стандардот на граѓаните и зачувување на ценовната стабилност.

– Прерано е да зборува, денеска имаме мал скок, вчера цените за брентот се движеа  83, 84 долари за барел, денеска повторно имаме нагорно придвижување, од 87, 88,  но далеку под 100. Очекувам веќе в понеделник да имаме надолно нивелирање на цените на бензините и на дизелот. Важно е што како држава остануваме со најевтина цена на дизелот и на безоловниот бензин имајќи предвид дека ова се производи кои се купуваат на берза, односно сите држави ги купуваат од исто место. Нема тука голема мудрост во делот кој е поголем или помал претприемач или поголем или помал државник,  само што ние како Влада одлучуваме да се откажеме голем дел од она  што некои други држави не го направија, а тоа е акцизи, а се откажавме и од данокот на додадена вредност.  Остануваме со таа политика и во периодот што следи очекувам повторно надолно нивелирање на цените – изјави Мицкоски.

Посочи дека намалувањето на акцизите и ДДВ го чинеше буџетот десетици милиони евра, но оти целта беше одржување на ценовната стабилност и обезбедување континуирано снабдување.

– Некои држави забранија извоз, ние не забранивме извоз, напротив, останавме со политика граѓаните од другите земји да ги користат нашите бензински пумпи. Нашата политика беше сосема поинаква. Ние не очекувавме, тоа е што е, предизвикот е таков, треба да се бараат решенија, едно по едно се наоѓаат тие решенија и ќе продолжиме активно да ја следиме состојбата – наведе Мицкоски.

Прашан дали има можност да се интервенира кај цените на основните производи, посочи  дека очекува дополнително стабилизирање на инфлацијата. Оцени дека има голем број држави со полоши параметри и порача дека Владата ќе продлжи активно да работи во насока на зачувување на ценовната стабилност.

– Лично правев анализа и ги споредував јуни 2026-та со јуни 2022-ра, тоа се две слични години затоа што тогаш (2022-ра) почна војната во Украина, а сега е војната во Иран, или во Заливот. Сите светски познавачи велат дека оваа војна има далеку подевастирачки последици за светската економија,  особено повеќе како енергетска криза. Ако тогаш сме имале 14,7 проценти инфлација, сега е 3,4 проценти. Ако тогаш прехранбените производи биле над 15 проценти и биле главниот носител, сега тие се со 2,5 проценти. Јас очекувам дополнително стабилизирање во јули –  рече Мицкоски.

Анализата на 12 држави од регионот, пак, како што дополни, покажала  дека во 2022-та сме биле на осмото место според висината на инфлација, а сега сме на трето. – Пред нас се благо Србија и Албанија, но зад нас се сите останати држави од регионот, од Турција, преку Бугарија, Романија, Грција, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и така натаму. Генерално имаме голем број држави со далеку полоши параметри. Ние ќе продолжиме и понатаму активно да работиме во насока на зачувување на ценовната стабилност – рече Мицкоски.

…

Related Posts

ДЗР утврди неправилности во исплатите во СЈО: Платите и надоместоците не биле според закон

17.09.2026

Божиновска: Секој млад човек заслужува шанса да покаже што знае и што може

17.09.2026

Димитриеска-Кочоска: Го зајакнуваме партнерството со ЦЕБ – инвестираме во образование, дигитализација и економски развој

17.09.2026

Николоски: Челични конструкции колку 11 катници се спуштаат во земјата за да се стабилизира земјиштето и изгра и изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид – Кичево

17.09.2026

Енергетската заедница со позитивна оценка: Македонија напредува со обновливите извори

17.09.2026

Мицкоски од САД: Нови можности за инвестиции и продлабочување на стратешкото партнерство

17.09.2026

Препорачани Вести

Тревога во ДР Конго: Над 200 сомнителни смртни случаи од ебола, десет земји од Африка под ризик од ширење

4 месеци ago

Жена од Тетово измамена за 550 евра при нарачка мебел

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Нападнал полицаец со остар предмет – поднесена кривична пријава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повеќе населени места во Тетовско утре ќе останат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глаголицата на новите хрватски дресови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,53 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пронашол паричник, па почнал да троши со туѓата картичка: Кавадарчанец пријавен во полиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.