четврток, јули 30, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е добро решение и првпат носи околу 6 милијарди повеќе средства за капитални расходи

by Redakcija
30.07.2026
in Економија

30 јули 2026, Скопје – Ребалансот на Буџетот за 2026 година, којшто беше усвоен во Собранието во понеделникот, е добро решение и еден од ретките ребаланси на Буџетот низ годините во којшто има зголемување на ставката на капитални расходи. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на МТВ.

„Овој ребаланс е едно добро решение, имајќи ја предвид, целокупната состојба во економијата,  не само во Македонија, туку гледано и геополитички и имајќи ги предвид неизвсностите коишто ги имаме пред нас. Ова е еден од ретките ребаланси на буџетот каде имаме зголемување на ставката на капитални расходи. При тоа  морам да кажам дека станува збор за зголемување на капитални расходи коишто директно значат одредени инвестиции. Значи, ние тука не зборуваме за одредени трансфери, аванси, префрлања на јавни претпријатија и така натаму, коишто во минатото беа евидентирани како капитални расходи, а при тоа не гледавме никаде инвестиција. Имено тоа ме радува.  Првпат, значи  има корекција на расходна страна или зголемување од околу шест милијарди денари“, рече министерката.

Таа додаде дека речиси во сите министерска има зголемување на средства, но најголем дел од предвиденото зголемување на капиталните расходи се во делот на АА програмата, каде што има навистина висок процент на реализација на капиталните инвестиции и дека навистина работите на терен се гледа дека се одвиваат со забрзана динамика. Понатаму во Министерството за животна средина и просторно планирање, каде има зголемување во повеќе ставки. Најголемиот дел е кај капиталните расходи при тоа 700 милиони денари се предвидени за пречистителната станица во Скопје. Во Министерството за животна средина и просторно планирање има повеќе проекти коишто се поврзани со финансирање поврано со  ИПА. Има зголемување и на ставки во Министерството за одбрана во делот на капиталните расходи.

Министерката појасни дека со Ребалансот проектираните вкупни приходи ги покриваат тековните расходи и дека останува разлика којашто е насочена кон капитални расходи. „Тоа, наведе, значи дека целиот буџетски дефицит во суштина оди на финансирање на капиталните расходи или она што мегу граѓаните е познато како инвестиции. И мора да се согласиме тука сите дека секојдневно најпрвин гледаме дека во секое едно, би рекла, населено место имаме пуштање во употреба на некој проект. Што значи дека навистина имаме реализација на теренот. И тоа секој граѓанин може да го види со голо око, што јасно покажува дека да, тоа купче, би рекла, можеби најмногу тежи. Од друга страна гледано и од економските параметри, преку бруто домашниот производ и растот на БДП, јасно покажува дека навистина и Владата има придонес, да кажеме, преку растот БДП, иако тој не е резултат само на тоа што го прави Владата, но и Владата има делумно придонес во растот на бруто домашниот производ“.

Во интервјуто се осврна на прибирањетона приходите во Буџетот при што истакна дека полнењето е редовно и дека објавените податоци покажуваат дека кај сите даночни ставки има добра наплата. Единствената ставка кај која има пониска наплата се акцизите што е директно поврзано со мерките што беа преземени од страна на Владата.

Во врска со јавниот долг и задолжувањата, потенцира дека состојбата со јавниот долг досега успешно се менаџира, дека работите се под контролиа и дека задолжувањата креираат економски раст.

…

Related Posts

Додека светот обезбедува критични минерали, Македонија сè уште ги чува под земја

30.07.2026

Божиновска–Варнс: Потврдено силното партнерство со САД, енергетската независност е клуч за стабилна и просперитетна држава

29.07.2026

Санџак Курт е нов генерален директор на Лимак Скопје

29.07.2026

Македонската берза во благ пад: МБИ10 намален за 0,24 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

29.07.2026

Божиновска: 30.000 денари државна поддршка за приклучок или котел на гас – јавниот повик е отворен

30.07.2026

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,13 отсто, најтргувани акциите на Алкалоид

28.07.2026

Препорачани Вести

Вкупен промет од 13.317.049 денари, поддржан и од блок-трансакции

3 месеци ago

Неделен преглед на Македонската берза: промет од 183,51 милиони денари, најтргувани акциите на Македонски Телеком

4 недели ago

Популарни Вести

  • Земјотрес почувствуван во Охридско-струшкиот регион, епицентарот кај Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонски туристи останаа без пасоши во Грција – им се случи голгота во познатиот ресорт кај Неа Каликратија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата упадна во два угостителски објекти во гостиварско – Ова се деталите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВЛЕН: 74 милиони евра за Клиничката болница во Тетово, започнува реализацијата на историска инвестиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додека светот обезбедува критични минерали, Македонија сè уште ги чува под земја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.