вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Евакуирани илјадници туристи во Грција, огнот се шири со помош на силните ветрови

by Redakcija
30.07.2026
in Балкан

Околу 2.000 туристи се евакуирани од јужниот дел на грчкиот остров Крит поради голем шумски пожар кој продолжува да се шири, додека грчките власти спроведуваат превентивни евакуации во погодените туристички места и населени подрачја.

Туристите од загрозените области се префрлени на побезбедни локации, а 29 лица, главно посетители кои се наоѓале на плажи, биле евакуирани по морски пат.

Во областа Ираклион, локалните власти отворија спортска сала во Мирес за привремено сместување на евакуираните, каде што се обезбедени душеци, основни средства и помош за престој.

Пожарот најмногу ја зафати областа Ретимно, каде пожарникарите се бореа со огнената стихија во текот на целата ноќ. Силните ветрови дополнително ја отежнуваат ситуацијата, а противпожарната линија се протега на околу 20 километри.

Освен на Крит, активни жаришта има и на други делови од Грција, меѓу кои и островот Парос и подрачја на копното.

Во борбата со пожарите има и човечки жртви. Тројца пожарникари го загубиле животот – двајца на Крит и еден на Пелопонез, додека двајца волонтери се здобиле со полесни повреди.

Грчките власти предупредуваат дека опасноста од нови пожари останува многу висока поради екстремните временски услови, високите температури и сувата вегетација. Противпожарните служби се ставени во состојба на зголемена подготвеност.

Надлежните апелираат туристите да ги следат упатствата на локалните власти, веднаш да постапат доколку биде наредена евакуација и да избегнуваат движење низ области со густ чад или активен пожар.

На посетителите им се препорачува редовно да ги следат официјалните информации за состојбата со пожарите, да имаат подготвени лични документи и неопходни работи, како и да останат во контакт со туристичките агенции доколку патуваат преку организирани аранжмани.

…

Related Posts

Претседателот на „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, на средби со претставници на ФУЕН

21.09.2026

Грција ќе дава до 10.000 евра помош за семејства кои ќе се преселат во пограничните области

21.09.2026

Македонците во Мала Преспа го одбележаа Раѓањето на Пресвета Богородица на островот Мал Град

21.09.2026

Македонци од Пиринска Македонија се собраа кај Кремен на панихида за жртвите од 1924 година

21.09.2026

Келин Ѓорѓеску приведен во Романија: Се истражува измама тешка 1,1 милион евра

21.09.2026
Трагедија кај водопадот Савица: Ги слушнал вресоците на седумгодишниот син, тргнал по него и загинал

Трагедија кај водопадот Савица: Ги слушнал вресоците на седумгодишниот син, тргнал по него и загинал

20.09.2026

Препорачани Вести

Соул-божицата Марта Хај на 29. Златна Бубамара

7 месеци ago

Уапсено 16-годишно момче од Тетово – осомничено за кражби во црква и џамии

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Андоновски: Преку м.Услуги граѓаните ќе пристапуваат до своите документи директно од мобилен телефон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски на самитот „Конкордија“ во Њујорк: Македонија останува на европскиот пат, ги браниме идентитетот и државните интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Претрес и апсење во Скопје – Полицијата со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов удар за Канада: Трамп најави договор со Белорусија за клучна суровина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Подгответе храна и вода“ – Британската влада се подготвува за најлошото сценарио

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.