среда, септември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Димитриеска-Кочоска: Намален јавниот долг во вториот квартал во споредба со првиот квартал од годинава, понизок и во споредба со крајот на 2024 и 2025 година – изнесува 58,8% од БДП

by Redakcija
01.08.2026
in Економија

31 јули 2026, Скопје – Јавниот долг во вториот квартал забележа намалување во споредба со состојбата на јавниот долг во претходниот квартал  од 0,1 процентен поен или во апсолутен износ за 21 милион евра. Изразен како процент од БДП јавниот долг во вториот квартал од 2026 година бележи намалување и во споредба со состобјата на јавниот долг на крајот на 2024 година за 2,6 процентни поенти и во однос на состојбата на крајот на 2025 година намалување за 0,6 процентни поени.

Министерството за финансии денеска ги објави податоците за нивото на јавниот и државниот долг заклучно со вториот кварал од 2026 година. Согласно објавените податоци нивото на јавен долг изразен како процент од БДП изнесува 58,8% додека во апсолутен износ тој е на ниво од 10.726 милиони евра.

Имено, во вториот квартал од 2026 година беше исплатен износ од над 300 милиони евра за сервисирање на дел од Еврообврзницата во вкупен износ од 700 милиони евра издадена во 2020 година. Поголемиот дел од оваа Еврообврзница беше сервисиран во првиот квартал.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување на МТВ истакна дека состојбата со јавниот долг до овој момент успешно се менџира.

„Јавниот долг во вториот квартал изнесува 58,8% од БДП. Да погледнеме и да видиме колку изнесувал во 2021 година и да видиме колку бил во 2024 година. Ние успеавме да го изменаџираме сето тоа и да ги ставиме работите под контрола. Верувајте,  не е едноставно цело време да се движите со ниво на јавен долг околу 60% од БДП и да се борите да не го надминете тој праг“, рече министерката.

Таа истакна дека кога станува збор за задолжувањата некогаш може да се надмине лимитот којшто постои како некаква психолошка граница, но дека  е многу важно за што се потрошени тие пари и да расте економијата, што во последните години се случува.

„Кога станува збор за новите задолжувања, во исто време гледаме и што се случува и што се прави. Тоа дава дополнителен раст на економиијата и тоа што значи понатаму подобар животен стандард. Животниот стандард не значи само да имате подобра плата. Животниот стандарде да имаме добри болници, да имаме добри патишта, добри железници и сето тоа е животен стандард. Значи ако правилно ги насочуваме парите, можеби во некој момент ние може да излеземе од таа психолошка граница, како што излегле многу земји, но многу е важно да расте економијата и тоа во последните години се случува“, потенцира министерката за финансии.

Министерството за финансии податоците за јавен долг ги објавува на квартално ниво, додека податоците за сосстојата на државниот долг на месечно ниво.Согласно последните податоци државниот долг заклучно со 30.06.2026 година изнесува 9.432 милиони евра или 51,7% од БДП и бележи намалување во споредба со претходниот месец за 41 милион евра или за 0,2 процентни поенти.

…

Related Posts

Димитриеска-Кочоска: Македонија е дел од глобалниот дијалог за економскиот раст

22.09.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,76 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

22.09.2026

Божиновска со добитниците на „Инженерски прстен“: Вашите идеи се потенцијал за Македонија

22.09.2026

Дизелот поскапува од полноќ – Ова се новинте цени

21.09.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,41 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

21.09.2026

Божиновска: Природата ни го подари богатството, институциите создаваат систем што ќе му даде вредност, заштита и препознатливост

21.09.2026

Препорачани Вести

Центком: Пристаништата што ги користат иранските сили може да станат легитимни воени цели

7 месеци ago

„Стентон Градба“ реализираше реконструкција и адаптација на маркетот „KIT-GO“ во Битола

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Холанѓанец и Шпанец приведени по напад врз 33-годишен арачиновец во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД, Данска и Гренланд потпишаа нов безбедносен договор за Арктикот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕВН: Набавката на броила е спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените критериуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Литванија ја отвора вратата за нуклеарно оружје: Историски чекор на парламентот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска: Македонија е дел од глобалниот дијалог за економскиот раст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.