петок, јули 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Коњановски: Битола е светска сцена на фолклорот, традицијата и културното поврзување

by Redakcija
31.07.2026
in Република, Топ Вести

Битола повторно беше место каде се сретнаа различни култури, традиции и фолклорни богатства од целиот свет. Во рамки на фестивалот „Илинденски денови“, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, организираше прием и фолклорна дружба со учесниците од годинашното издание на фестивалот.

На настанот учествуваа фолклорни ансамбли од САД, Венецуела, Порторико, Кина, Грузија, Холандија, Унгарија, Словачка, Грција, Шведска, како и претставници од Македонија. Гостите ги споделија своите впечатоци од фестивалот, организацијата и гостопримството на битолчани, како и од културните и историските знаменитости на градот.

„Во овој период Битола е посебно разубавена. Светското шаренило, надополнето со музиката, играта и песната, никого не остава рамнодушен. Овој фестивал е и одлична можност за светска промоција на нашиот град“, истакна Коњановски.

Тој нагласи дека „Илинденски денови“ повеќе од половина век ја чува традицијата на фолклорот, но истовремено ги отвора вратите за културите и обичаите на народите од целиот свет.

Средбата беше искористена и за размена на пригодни подароци и промотивни материјали меѓу учесниците и домаќините, како симбол на пријателството и продолжување на културната соработка.

Овагодишното издание на фестивалот беше едно од најмасовните во неговата историја, со голем број домашни и странски учесници кои во изминатите недели ја разиграа Битола и ја претворија во вистинска светска сцена на фолклорот.

Related Posts

Општина Битола: Организиран бесплатен автобуски превоз за 55-та Семакедонска средба во Трново

31.07.2026

Забрана за пиење вода од шест водоснабдителни објекти во Кичево

31.07.2026

Тоневски: Со засилено темпо се реконструира улицата „Јаким Стојковски“, следна е „Никола Карев“

31.07.2026

Стојанчо Радичевски е нов в.д. претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

31.07.2026

„Безбеден град“ пристигна во Дебрца: Наскоро камерите ќе почнат да снимаат и во Охрид

31.07.2026

Божиновска: Македонија има потенцијал да стане дел од идната европска водородна инфраструктура

30.07.2026

Препорачани Вести

Тимчо Муцунски во телефонски разговор со Надежда Нејнски: Фокус на добрососедство и соработка

Тимчо Муцунски во телефонски разговор со Надежда Нејнски: Фокус на добрососедство и соработка

5 месеци ago

По иницијатива на Ѓурѓај профункционира првиот национален онлајн медиум за малцинства во Албанија

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Напад во продавница во Прилеп: Со закана одзел пари од касата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двајца полицајци суспендирани од работа – Ова се деталите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Акција на полицијата во Скопје – Уапсени 9 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одмор стар 108 години на удар: Германската економија бара нови правила

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Битола е светска сцена на фолклорот, традицијата и културното поврзување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.