сабота, август 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Пожари беснеат кај Атина, евакуирани населби, уништени куќи

by Redakcija
01.08.2026
in Балкан

Големи шумски пожари ја зафатија Грција, а најтешка е состојбата во поширокиот регион на Атина, каде силните ветрови дополнително го отежнуваат справувањето со огнената стихија.

Поради високата опасност од пожари, властите прогласија највисоко ниво на тревога за голем дел од земјата, а службите за цивилна заштита издадоа црвено предупредување за областа околу главниот град.

Особено драматична е ситуацијата во Порто Гермено, западно од Атина, каде пожарот во текот на ноќта повторно се разгорел. Силните ветрови го промениле правецот на огнот и го насочиле кон крајбрежјето, поради што биле затворени патишта, а според првичните информации изгореле најмалку три куќи.

Во пожарот било уништено и едно противпожарно возило, додека пожарникарите продолжуваат со борбата против пламените јазици на повеќе фронтови.

Во гаснењето се вклучени противпожарни екипи со возила и хеликоптери, а поради опасноста за населението биле издадени наредби за евакуација во повеќе населени места.

Жителите на областите Агиа Параскеви, Агиос Нектариос и Крио Пигади биле евакуирани како превентивна мерка, додека во близина на градот Псата е испратено предупредување до граѓаните да се подготват за евакуација.

Грчките власти предупредуваат дека високите температури, сушата и силните ветрови создаваат исклучително опасни услови за ширење на пожарите низ земјата.

Related Posts

Стравична сообраќајка утрово на автопат во Грција: Едно лице загина

01.08.2026

Западнонилската треска зема данок во Грција: Четири лица починаа, регистрирани 42 случаи

31.07.2026

Статуата на Александар Македонски ги пречекува патниците на аеродромот во Истанбул

31.07.2026

Евакуирани илјадници туристи во Грција, огнот се шири со помош на силните ветрови

30.07.2026

Вонредна состојба во Србија

30.07.2026

Македонски туристи останаа без пасоши во Грција – им се случи голгота во познатиот ресорт кај Неа Каликратија

30.07.2026

Препорачани Вести

Дизелот би можел да поскапи над 10 денари, бензинот за 6 – Се очекува интервенција на владата

4 месеци ago

Трамп објави шокантни НЛО снимки: Американски Ф-16 собори мистериозен летечки објект

2 месеци ago

Популарни Вести

  • ministerstvo za finansii

    МФ: Завршната сметка за 2025 година потврдува стабилни јавни финансии, редовно сервисирање на обврските и реализација на развојните инвестиции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВО КОЕ ВРЕМЕ НАЈБРЗО СЕ ПОМИНУВА „ЕВЗОНИ“? – Неверојатно што вели вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИЈЗ објави итни препораки за топлотниот бран!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожари беснеат кај Атина, евакуирани населби, уништени куќи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обид за убиство на млада жена во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.