На магистралниот пат Тетово–Гостивар денеска се запали автобус, поради што сообраќајот на оваа делница се одвива отежнато.
Според првичните информации, пожарот избувнал во моторниот дел на автобусот. Персоналот на автобусот веднаш интервенирал и со противпожарни апарати се обидува да го изгасне огнот до пристигнувањето на противпожарните екипи.
Засега нема информации за повредени патници, а причините за пожарот ќе бидат утврдени дополнително. Возачите се повикуваат на внимателност и трпение поради застојот во сообраќајот.
…













