недела, август 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Македонската заедница во Австралија ја одбележа Света Петка – торжествена прослава во Сиднеј

by Уредник
09.08.2026
in Македонија
Македонската заедница во Австралија ја одбележа Света Петка – торжествена прослава во Сиднеј

Македонската православна заедница во Австралија вчера торжествено ја одбележа храмовата слава на црквата „Света Петка“ во Рокдајл, Сиднеј, информира претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

На 8 август, кога Светата православна црква молитвено го одбележува споменот на Светата преподобномаченичка Параскева – Света Петка, голем број верници се собраа во истоимениот македонски православен храм за заеднички да го прослават патрониот празник.


По повод храмовата слава беше отслужена Света Божествена Литургија, со која чиноначалствуваше отец Гаврил Галев, во сослужение на протојереј Александар Ивановски, протојереј Томе Младеновски и старешината на храмот, јереј Владо Недески.

Посебен момент за македонските верници во Сиднеј беше присуството на чудотворната Абалакска икона на Пресвета Богородица од Сибир. Иконата специјално за оваа свечена пригода ја донесе отец Борис од Задграничната Руска Православна Црква.


Како што се наведува во објавата, присуството на чудотворната икона токму на патрониот празник претставувало особена духовна радост и благослов за храмот и за присутните верници.

Македонските верници имале можност молитвено да ѝ пристапат и да се поклонат пред иконата, барајќи застапништво, помош и закрила од Пресвета Богородица.

По завршувањето на празничната Света Литургија и молитвеното чествување на Света Петка, одбележувањето продолжило во црковната сала. Таму била приредена традиционална славска трпеза на љубовта за свештенството, верниците и останатите гости.

Во својата објава, претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, упати и порака со желби за благослов и заштита на македонската православна заедница во Австралија.

„Нека по молитвите на Светата преподобномаченичка Параскева – Света Петка, и под мајчинскиот покров на Пресвета Богородица, Господ го чува и благословува овој свет храм, неговото свештенство, црковната општина и сиот верен македонски народ“, се наведува во објавата.

Одбележувањето на храмовата слава уште еднаш ја собра македонската заедница во Сиднеј околу црквата, која претставува едно од местата каде Македонците во Австралија ги негуваат својата православна вера, традиција и заедништво.

Related Posts

Речиси 5.000 првачиња помалку од септември – Македонија останува без повеќе од 100 паралелки

Речиси 5.000 првачиња помалку од септември – Македонија останува без повеќе од 100 паралелки

09.08.2026
Провокативни пораки од Лерин: Панмакедонските организации на светски собир  со пораки дека „Македонија е една и е грчка“

Провокативни пораки од Лерин: Панмакедонските организации на светски собир  со пораки дека „Македонија е една и е грчка“

09.08.2026

МВР најави засилени контроли на патиштата

08.08.2026

Туфегџиќ: Во правна држава судските одлуки мора да се спроведуваат и почитуваат

08.08.2026

Денес портокалова фаза: Температурите до 40 степени

08.08.2026
Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

Западнонилската треска се шири во Скопје и Велес

07.08.2026

Препорачани Вести

Грабеж на векот во Германија: 90 милиони евра украдени од банкарски сефови во Гелзенкирхен

7 месеци ago

Утре без струја повеќе делови од Тетово, Непроштено и Жилче

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Коњановски: Интензивно работиме на подобрување на инфраструктурата во Битола (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Речиси 5.000 првачиња помалку од септември – Македонија останува без повеќе од 100 паралелки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 46-годишен возач осомничен за несреќата во Радишани во која загина мотоциклист

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Провокативни пораки од Лерин: Панмакедонските организации на светски собир  со пораки дека „Македонија е една и е грчка“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската заедница во Австралија ја одбележа Света Петка – торжествена прослава во Сиднеј

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.