вторник, август 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Западот ги финансира критичните минерали со јавни пари, Македонија не ја реализира ниту приватната инвестиција во Иловица

by Redakcija
11.08.2026
in Економија, Топ Вести

Screenshot

Владите на западните земји треба поактивно да го поддржуваат ископот и преработката на критичните минерали со јавни средства, предупредува американскиот Центар за стратегии за критични минерали.

Во најновиот извештај на Центарот се посочува дека голем број проекти за критични минерали во западните земји се соочуваат со недостиг од финансирање. Последица од тоа е продолжување на зависноста од Кина за суровини неопходни за современата технологија, индустријата и одбраната.

Додека западните економии сè повеќе ги комбинираат јавните средства со приватниот капитал за да го забрзаат развојот на нови рударски проекти, Македонија сè уште не успева да ја реализира ниту една од своите поголеми најавени инвестиции во критични минерали.

Меѓу нив е и проектот за бакарен рудник Иловица, инвестиција која со години останува во застој и покрај глобално растечката побарувачка за бакар.

„Стратешката важност на критичните минерали повеќе не е тема за дискусија. Иницијативите низ западниот свет и последователните изјави на лидерите на Г7 отидоа многу подалеку од препознавањето на предизвикот за склопување на нови партнерства, сојузи и механизми за финансирање. Но, на крајот на краиштата, оваа геополитичка трка за ресурси со висок ризик нема да се добие само преку соопштенија или нови институции. Ќе ја добијат земјите кои ќе можат да мобилизираат капитал со брзината и обемот потребен за да се префрлат стратешки важните проекти во производство и да се поврзат со отпорни синџири на снабдување во производството“, се истакнува во Извештајот.

Претходно, повеќе домашни експерти повикаа Македонија да фати приклучок во трката закритични минерали во соработка со западните партнери и да го искористи својот ресурсен потенцијал. Токму во наоѓалиштето во Иловица, утврдено е дека рудникот би експлоатирал 10 милиони тони руда годишно, а просечното годишно производство е проектирано на над 10 илјади тони бакар. Според количините на руда што ги поседува, проектот се предвидува да биде активен околу 23 години. Но, за разлика од апелот на Центарот за стратегии за критични минерали со јавни средства да се поттикнуваат инвестиции, за овој проект веќе е обезбеден приватен капитал и првата фаза за изградба на рударскиот комплекс би тежела 340 милиони евра. Дополнително, станува збор и за стотици вработувања, а во текот на целиот период од оперативното работење ќе се исплаќаат и околу 75 милиони евра секоја година на повеќе локални и регионални компании кои се занимаваат со угостителство, земјоделство и прехранбена индустрија, текстилна, хемиска и дрвена индустрија, занаетчиство, одржување и тековно сервисирање. 

Инаку, како што се додава во Извештајот, голем предизвик на Западот е што не постои доволна количина на бакарен концентрат за топилниците.

„Иако некои рударски компании поседуваат интегрирани операции за топење и рафинирање, многу рударски компании се потпираат на независни топилници и рафинерии за претворање на бакарниот концентрат во рафинирани бакарни катоди. Овие независни операции работат според бизнис модел на наплата, каде што приходите се генерираат преку надоместоци за третман и рафинирање. Брзата експанзија на глобалните капацитети за топење – особено во Кина – го надмина растот на снабдувањето со бакарен концентрат, оставајќи ги топилниците да се натпреваруваат за ограничена суровина“, истакнува американскиот Центар за стратегии за критични минерали.

Во текстот се додава дека Кина помеѓу 2001 и 2023 година распределила приближно 98 милијарди долари за финансирање на проекти за критични минерални проекти, помагајќи им на кинеските фирми да обезбедат удели во стратешки средства и долгорочен пристап до суровини. Според Центарот, резултатот од овие активности е застрашувачки степен на доминација на пазарот.

Основниот заклучок на извештајот е дека ниту една влада, институција или приватен инвеститор не може да го финансира целиот процес на истражување, развој, преработка и производство потребен за создавање на отпорни синџири на снабдување, независни од Кина. Меѓународната агенција за енергетика проценува дека ќе бидат потребни повеќе од 500 милијарди долари инвестиции во нови критични минерали, врз основа на наведените политички цели.

…

Related Posts

Проданоски со апел поради топлотниот бран: „Здравјето и безбедноста на луѓето се на прво место“

11.08.2026

МФ: Четириесет и еден предлог проект на првата конечна приоритетна листа за јавни инвестиции – поефикасно планирање и управување со капиталните проекти

10.08.2026

Мицкоски: Жртвата на бранителите – трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена

10.08.2026

Големо поевтинување на горивата од полноќ

10.08.2026

Николоски: Слава им на хероите кои ги дадоа животите за Македонија

10.08.2026

Божиновска за emagazin: Градиме модерен енергетски систем усогласен со европските стандарди

10.08.2026

Препорачани Вести

Николоски: Потврдена определбата на државата за целосна заштита на Охридскиот Регион

6 месеци ago

Банкарскиот сектор стабилен: Депозитите и кредитите во пораст

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Проданоски со апел поради топлотниот бран: „Здравјето и безбедноста на луѓето се на прво место“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Западот ги финансира критичните минерали со јавни пари, Македонија не ја реализира ниту приватната инвестиција во Иловица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПРЕД 34 ГОДИНИ: Македонија го доби првото државно знаме и химната „Денес над Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ви носи денот? Хороскопот открива кој треба да внимава, а кој да ризикува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈКП „Водовод“ – Битола продолжува со реконструкција и модернизација на водоводната мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.