Двајца млади мажи се повредени во сообраќајна несреќа што вчера се случила на регионалниот пат од село Ињево кон Радовиш.
Според информациите од МВР, несреќата се случила на 10 август 2026 година околу 16:20 часот, на местото викано „Горен пат“.
Во несреќата учествувало товарно возило „Фиат“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот Н.Н. од село Ињево. Од засега непознати причини, возилото излетало надвор од коловозот.
Сопатникот А.Ј. (22) од село Воиславци се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип. Возачот, пак, се здобил со телесни повреди.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на ОВР Радовиш, а се работи на утврдување на околностите под кои дошло до несреќата.
…











