петок, октомври 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Пожарите не стивнуваат во Албанија, најкритично во областа Лура

by Redakcija
13.08.2026
in Балкан

Албанија и понатаму се соочува со сериозна состојба поради шумските пожари, со девет активни жаришта регистрирани во повеќе региони низ земјата.

Според информациите од Министерството за одбрана, пожари се регистрирани во областите Дебар, Тирана, Драч, Корча и Ѓирокастро. На терен се ангажирани околу 450 припадници на противпожарните служби, вооружените сили и други надлежни екипи.

Најголем број сили, околу 200 лица, се распоредени во областа Лура, во регионот Дебар, каде што продолжуваат интензивните напори за локализирање на пожарот и спречување на неговото понатамошно ширење.

Екипите се ангажирани и на останатите критични точки, а надлежните институции ја следат состојбата и ги координираат активностите за ставање на пожарите под контрола.

Засега нема официјална проценка за вкупната материјална штета предизвикана од огнените стихии.

Албанскиот претседател Бајрам Бегај упати благодарност до пожарникарите, припадниците на вооружените сили и сите други лица кои учествуваат во гаснењето на пожарите, особено во услови на високи температури.

Тој истовремено апелираше до граѓаните на зголемена внимателност и одговорност, а побара и строго санкционирање на лицата кои намерно предизвикуваат пожари.

„Сторителите кои ја палат земјата мора да бидат строго казнети согласно законот“, порача Бегај.

Надлежните ги повикаа граѓаните да ги почитуваат препораките и упатствата на институциите и да придонесат во заштитата на животите, имотот и природата.

…

Related Posts

Софија подготвува голем пречек за останките на цар Самуил

02.10.2026

Германија до ЕУ: Балканот не може бескрајно да чека

02.10.2026

Становите во Хрватска за една година поскапеа 12,7 отсто

01.10.2026
(ВИДЕО) ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ВО СРБИЈА: Уапсени две жени под сомнение дека предавале податоци за припадници на БИА на албанската разузнавачка служба

(ВИДЕО) ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ВО СРБИЈА: Уапсени две жени под сомнение дека предавале податоци за припадници на БИА на албанската разузнавачка служба

30.09.2026

Борисов: Ќе ги добиеме останките на Самоил, но никој не кажува што даваме за возврат

30.09.2026

ВИДЕО: Инцидент во Србија – приведен градоначалникот на Белград

29.09.2026

Препорачани Вести

Иранската валута повторно достигна нула во однос на еврото

9 месеци ago

Полицијата спречи вооружен инцидент – запленети пушки, пиштол и муниција

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Нов обид за разговор со Бугарија: Муцунски побарал средба во Софија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пронајден кокаин кај 23-годишник од Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска: Шведската поддршка е важна за реформите и економскиот развој

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,63 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 декември нови правила за кредитите: Еве што ќе се смени за граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.