четврток, август 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Македонија со скок од 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедност

by Redakcija
13.08.2026
in Македонија

Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии.

 

Со резултат од 84,17 поени од можни 100, државата се вбројува меѓу земјите со високо ниво на подготвеност за спречување сајбер-закани и за управување со сајбер-инциденти. Напредокот е забележан и во меѓународните медиуми, кои ја издвојуваат Македонија меѓу земјите што во последниот период оствариле забележително подобрување во националните капацитети за сајбер-безбедност.

 

Глобалниот индекс за сајбер-безбедност го развива естонската „Академија за е-управување“ (e-Governance Academy – eGA). Индексот ја оценува подготвеноста на државите преку 49 индикатори распоредени во 12 области, опфаќајќи ги стратешките, превентивните и капацитетите за одговор на сајбер-закани. Оценувањето се заснова на јавно достапни закони, официјални документи, институционални механизми и докази за практично спроведени мерки.

 

Според најновите податоци, Македонија има максимални оценки во повеќе клучни области, меѓу кои политиките за сајбер-безбедност, заштитата на критичната информациска инфраструктура, образованието и професионалниот развој, заштитата на личните податоци, одговорот на сајбер-инциденти и борбата против компјутерскиот криминал.

 

„Скокот од 29 позиции е меѓународна потврда дека реформите што ги спроведуваме создаваат конкретни и мерливи резултати. Во изминатиот период воспоставивме појасна институционална одговорност, современа законска рамка и посилни механизми за заштита на критичната инфраструктура и за одговор на сајбер-инциденти. Овој резултат не е крајна цел, туку обврска да продолжиме уште поинтензивно да ја градиме сајбер-отпорноста на државата“, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

 

Напредокот е резултат на координираната работа на институциите и на повеќе преземени системски чекори, меѓу кои донесувањето на Законот за безбедност на мрежни и информациски системи, усвојувањето на Стратегијата за сајбер-безбедност 2025–2028 и Акцискиот план за нејзино спроведување, воспоставувањето механизми за национална координација и зајакнувањето на капацитетите за пријавување и справување со сајбер-инциденти.

 

Новата законска рамка ги утврдува надлежностите на Министерството за дигитална трансформација во областа на безбедноста на мрежните и информациските системи, воведува обврски за управување со сајбер-ризици и пријавување инциденти и ја зајакнува заштитата на суштинските и важните субјекти.

 

Министерството ќе продолжи со спроведување на Стратегијата и Акцискиот план, јакнење на националните капацитети за превенција и одговор, развој на стручниот кадар, подигнување на свеста кај граѓаните и компаниите и продлабочување на меѓународната соработка.

Безбедна дигитална држава значи сигурни јавни услуги, заштитени податоци, отпорна критична инфраструктура и поголема доверба на граѓаните во процесот на дигитална трансформација.

…

Related Posts

Синодот на МПЦ-ОА му одговори на Вучиќ по изјавата за Српската црква во Скопје

13.08.2026

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments за групни нарачки

13.08.2026

Скопје станува регионален центар за европска сертификација на финансиски професионалци

13.08.2026

Муцунски: Не смееме да дозволиме патот кон ЕУ да нè обезличи како држава и народ, бараме јасно гаранции

13.08.2026

Ова се препораките: Како да се заштитите од Западнонилска треска

12.08.2026

Милошоски: Политички мотивирана група шири паника за исправноста на водата во Скопје

12.08.2026

Препорачани Вести

kalifornija

Калифорнија ја губи елитата: Милијардерите бегаат поради новиот данок

7 месеци ago

Џиновска дупка „проголта“ цела крстосница во Шангај- луѓето бегаат во паника

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Проданоски: Прилеп со нов меѓународен фестивал на фолклорот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синодот на МПЦ-ОА му одговори на Вучиќ по изјавата за Српската црква во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со скок од 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments за групни нарачки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕИБ: Европа има неискористен минерален потенцијал – Македонија со потврден бакар во Иловица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.