петок, август 14, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

УНГАРИЈА ВО ТРКА СО СУШАТА: Војската гради брана за да ја одржи нуклеарката Пакш во функција

by Redakcija
14.08.2026
in Балкан

Унгарија започна со изградба на ниска брана на Дунав во близина на нуклеарната централа Пакш, откако историски ниското ниво на реката поради сушата создаде сериозни проблеми со системот за ладење на електраната.

Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека изградбата е итна мерка со која треба да се обезбеди доволно вода за ладење на нуклеарната централа.

„Почнавме со изградба на ниска брана што трајно ќе придонесе за зголемување на нивото на водата во Дунав“, изјави Маѓар во Пакш.

Ситуацијата во нуклеарната централа е сериозна. Од осумте турбини во моментов работат само две, а пред девет дена електраната била на работ на целосно запирање. Пакш вообичаено обезбедува најмалку една третина од вкупната потрошувачка на електрична енергија во Унгарија.

Унгарските војници работат деноноќно на изградбата. Пред да биде завршена структурата, две баржи долги околу 80 метри ќе бидат поставени нормално на течението и намерно потопени за да создадат почетен ефект на преградување. Потоа, ниската брана ќе биде изградена со околу 185.000 кубни метри камен.

Проектот треба да биде завршен во рок од четири недели. Според најавите, со него нивото на Дунав пред системот за ладење на Пакш треба да се зголеми за околу 1,2 метри, а инвестицијата се проценува на околу 19 милиони долари.

Иако станува збор за интервенција во текот на една од најголемите европски реки, од унгарските власти уверуваат дека не станува збор за класична брана која ќе го запира и складира речниот тек.

Станува збор за низок праг во коритото, чија цел е да го забави протокот и локално да го подигне нивото на водата во близина на нуклеарната централа.

Според објаснувањата, водата што ќе помине преку структурата ќе продолжи низводно кон Србија, Романија, Бугарија и понатаму кон Црното Море. Пакш ја користи водата од Дунав за ладење, по што таа се враќа во речниот тек.

Во исто време, екстремно ниското ниво на Дунав веќе предизвикува проблеми и во други земји. Романија денеска соопшти дека го исклучува вториот реактор во нуклеарната централа Чернавода поради недостиг на вода за ладење. Првиот реактор беше исклучен кон крајот на јули.

Ниското ниво на реката влијае и врз речниот сообраќај во земјите низводно, особено во Србија и Бугарија, каде што условите за пловидба се значително отежнати.

Главната причина за критичната состојба, според достапните податоци, е долготрајната суша која го погоди поширокиот регион и ги намали водостоите на Дунав, Рајна и други големи европски реки.

Унгарскиот проект кај Пакш, според досегашните објаснувања, не е дизајниран да го прекине протокот на Дунав, туку локално да го подигне водостојот за да се обезбеди непречено ладење на нуклеарната централа.

Related Posts

БЕГАЈЌИ ОД ОГНОТ, ЛУЃЕТО БАРАЛЕ СПАС ВО МОРЕТО: Спасени речиси 200 лица

14.08.2026

Црн биланс од пожарот кај Омиш: Пронајдено тело, седум лица на респиратор

14.08.2026

Апсење за шпионажа во Косово: Во домот на осомничениот пронајдени 39.500 евра и четири телефони

13.08.2026

ВИДЕО – Голем пожар на Халкидики: Евакуирани жители и туристи

13.08.2026

Пожарите не стивнуваат во Албанија, најкритично во областа Лура

13.08.2026

Дунав пресушува – Романија го исклучува и вториот реактор во „Чернавода“

13.08.2026

Препорачани Вести

Мицкоски: Жртвата на бранителите – трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена

4 дена ago

Од утре почнува метежот кон Грција: Се очекуваат часови чекање на Евзони и Дојран

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Во тек е голема полициска акција – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УНГАРИЈА ВО ТРКА СО СУШАТА: Војската гради брана за да ја одржи нуклеарката Пакш во функција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата запрела „мерцедес“ во Тетово: Двајца приведени, пронајдена бела прашкаста материја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меѓународна акција во Македонија, Косово и Грција: Уапсени членови на криминална група, запленети 300 килограми марихуана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • БЕГАЈЌИ ОД ОГНОТ, ЛУЃЕТО БАРАЛЕ СПАС ВО МОРЕТО: Спасени речиси 200 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.