сабота, август 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Шест активни пожари низ Македонија – пожарникарите на терен

by Redakcija
15.08.2026
in Македонија

Шест пожари на отворен простор во моментов се активни низ државата, додека три се ставени под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) во пресекот на состојбата до 13 часот.

Најсериозна е состојбата во општина Студеничани, каде гори мешана шума во регионот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер.

Пожар е активен и во општина Македонски Брод, на местото „Видуш“, во близина на селата Драгов Дол и Локвица, каде се зафатени ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

Во општина Велес, кај селото С’лп, на местото „Горно Село“, гори ниска вегетација и ретка дабова шума. Шумски пожар има и во општина Јегуновце, во подрачјето на селата Копанце и Туденце, со ширење кон скопското село Бојане.

Пожар е регистриран и во општина Бутел, во Визбегово, каде се опожарени ниска вегетација и ѓубриште. Во Маврово-Ростуше, пак, пожарот е во регионот на селото Бибај, каде гори зимзелена шума, односно ела.

Три пожари се под контрола во општина Крушево. Станува збор за пожарите кај селата Борино и Житоше, во подрачјето на Алданци и Норово, како и во селото Селце. На овие локации се зафатени ниска вегетација и деградирана дабова шума.

Во текот на денот е регистриран и еден изгаснат пожар на територијата на Битола, во близина на селото Нижеполе, каде гореле ниска вегетација и бандера.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска предупреди дека бројот на пожари останува алармантен. Само во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 27 пожари на отворен простор.

Ангелов ги повика доброволните пожарникари да ја следат состојбата во своите средини и, доколку проценат дека можат да помогнат во гаснењето и спречувањето на ширење на пожарите, да се обратат кај него за нивно ангажирање преку тимовите за брз одговор на ДЗС.

…

Related Posts

Николоски на терен: Продолжува интензивната изградба на автопатот Охрид–Кичево

15.08.2026

ВЛЕН: 25 години по Охридскиот рамковен договор, еднаквоста станува закон, развојот забрзува, европскиот пат се зајакнува

14.08.2026

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија, 24 пациенти хоспитализирани

14.08.2026

Ова е трактористот Аце, херојот од Ивањевци, кој храбро му се спротивстави на огнот

14.08.2026

Македонски туристи евакуирани од пожарите во Грција, МНР со важен апел

14.08.2026

Николоски: Македонското небо добива највисоко ниво на безбедност со новиот ATM и радарски систем

15.08.2026

Препорачани Вести

Земјотрес со епицентар во Грција, почувствуван во западна Македонија

5 месеци ago

Коњановски: 411 милиони денари капитални инвестиции во Битола

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Повикал Брза помош за мајка му, па им се заканувал на лекарите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран со порака до Трамп: Признајте го поразот, блокадата на Хормус продолжува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во Јегуновце се шири кон Бојане – гори шума кај Копанце и Туденце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шест активни пожари низ Македонија – пожарникарите на терен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двокатен автобус со 84 српски туристи излетал од автопат во Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.