четврток, октомври 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Иран се заканува со напади во Европа: „Ако САД одат предалеку, ќе го прошириме конфликтот“

by Redakcija
19.08.2026
in Свет

Иран сериозно разгледува можност за напади врз американски воени цели во Европа доколку САД дополнително го ескалираат конфликтот, објавува „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори блиски до иранскиот режим.

Според информациите, Техеран разгледува различни сценарија за проширување на конфликтот надвор од Блискиот Исток, а меѓу потенцијалните цели се споменуваат американски воени објекти во Бугарија, како и британската база Акротири на Кипар.

Бугарија се најде меѓу потенцијалните цели откако минатиот месец одобри користење на воздушната база Безмер за американски авиони-цистерни. На Кипар, пак, се наоѓа британската база Акротири, која во март беше цел на напад со дрон, за кој западни претставници сметаат дека бил изведен од групи поврзани со Иран.

Покрај можни напади врз воени цели, иранските сили наводно разгледуваат и сценарија за саботажа на подводните оптички кабли во Ормутскиот Теснец, доколку дојде до дополнителна ескалација.

Ситуацијата дополнително се влошува по застојот во преговорите за деблокирање на Ормутскиот Теснец. Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека со Техеран „нема разговори, ниту се планирани“.

Во меѓувреме, иранските команданти од Револуционерната гарда испраќаат сè поостри пораки. Тие предупредуваат дека во случај на нов директен конфликт Иран би можел да ја напушти досегашната практика на ограничување на нападите на американски бази и енергетски објекти во регионот и да се насочи кон цели подалеку од Блискиот Исток.

Иранската Револуционерна гарда претходно ѝ се закани и на Велика Британија поради дозволувањето на американските сили да ги користат британските бази, предупредувајќи дека секоја база од која би започнал напад врз Иран би можела да биде прогласена за легитимна цел.

Воените аналитичари, сепак, предупредуваат дека можностите на Иран за ракетни напади врз европски цели се ограничени. Експертот Сидхарт Каушал од RUSI оценува дека заканата е реална, но дека иранските балистички ракети со среден дострел би имале ограничена способност за нанесување сериозна штета на големи растојанија.

Техеран, според изворите, веќе разгледувал можности за напади на многу поголеми дистанци. По почетокот на конфликтот меѓу САД и Израел во февруари, Вашингтон го обвини Иран дека истрелал ракети кон американско-британската база Диего Гарсија во Индискиот Океан, на околу 4.000 километри од Иран. Ракетите, сепак, не ја погодиле целта.

Експертите посочуваат дека Иран располага со ракети со дострел од над 2.000 километри, но останува неизвесно со колкав број такво оружје располага и колкава е неговата прецизност на максимален дострел.

Поради ограничувањата на ракетниот арсенал, за Техеран би можело да биде поефикасно дејствувањето преку сојузнички вооружени групи во Ирак, Либан и Јемен.

Засега, според изворите на „Фајненшл тајмс“, следните потези на Вашингтон ќе бидат клучни за одлуката на Техеран. Иранските власти наводно подготвуваат сценарија за проширување на конфликтот доколку САД преземат директни напади врз иранската инфраструктура.

Дополнителен знак за заострување на политиката е назначувањето на поранешниот командант на Револуционерната гарда Мохсен Резаи на висока безбедносна функција. Аналитичарите ова го толкуваат како сигнал дека воениот и безбедносниот пристап добива предност пред дипломатијата.

Иран, во меѓувреме, испраќа порака дека секоја нова американска ескалација може да има последици и надвор од Блискиот Исток, зголемувајќи ги стравувањата дека конфликтот би можел да се прошири и на европско тло.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Новите правила на ЕУ носат промени за патниците: Што ако ви го откажат летот?

22.10.2026

Руски дизел утре тргнува за САД: Првата пратка ќе изнесува 40.000 тони

21.10.2026

Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден да не беше „многу глупав руски генерал“

21.10.2026

Без нив Германија тешко ќе функционира: Во овие професии повеќе од половина од работниците се странци

21.10.2026

„Блумберг“: Сериозно предупредување од НАТО до Зеленски

21.10.2026

Мерц: Русија не сака само да ја порази Украина, туку и да го дестабилизира европскиот поредок

20.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Во услови на енергетска криза: Македонија со најниска цена на дизелот во регионот и пошироко

3 недели ago
Над 2.000 непополнети работни места во услужните дејности

Над 2.000 непополнети работни места во услужните дејности

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Ескалација во албанскиот парламент – пратеници од опозицијата и мнозинството се пресметаа физички

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈКП „Шар“: Известување за прекин на водоснабдувањето во дел од Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.