среда, август 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Проданоски: Сите сили и ресурси се ангажирани за ставање под контрола на пожарот во Мариово

by Redakcija
19.08.2026
in Република

Сите расположливи сили и ресурси се ставени во функција на ставање под контрола на пожарот во Мариово, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.

Како што посочува Проданоски, на терен повторно се сите надлежни служби, пожарникари, екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, полицијата, инспекциските служби, мештаните и лица со механизација кои помагаат во справувањето со пожарот.

Во гаснењето се вклучени екипи од ТППЕ Прилеп и ТППЕ Кавадарци, Дирекцијата за заштита и спасување, Универзалната единица, доброволни противпожарни здруженија и локалните жители од Мариово. Дополнително е ангажирана и механизација со која се создаваат заштитни појаси со цел да се спречи понатамошното ширење на огнената стихија.

„Во моментов, на дел од теренот состојбата е стабилизирана, додека на повисоките и непристапни места екипите продолжуваат со гаснење“, информира Проданоски.

Посебно внимание, според него, е посветено на заштитата на селото Крушевица. Околу селото е воспоставен заштитен појас во должина од пет километри, додека екипите се подготвени за брза реакција доколку се појави потреба.

Градоначалникот упати благодарност до пожарникарите, доброволците, службите и институциите, како и до компаниите и субјектите кои ставиле на располагање луѓе и механизација.

„Борбата со пожарот продолжува. Најважно е да се зачуваат човечките животи, населените места и имотите. Остануваме на терен, заедно и целосно посветени“, порача Проданоски.

…

Related Posts

Проданоски: Нека Свето Преображение донесе мир, здравје и благодет во секој прилепски дом

19.08.2026

Проданоски: Сите расположливи сили се ангажирани во борбата со пожарот во Чаниште

18.08.2026

Дефект на Лешница, намален протокот на вода кон Тетово

18.08.2026

ВИДЕО – Проданоски: Сите ресурси се ставени во функција за гаснење на пожарот во Мариово

18.08.2026

Битола домаќин на одбележувањето на 25 години од формирањето на ЕБР

18.08.2026

Градскиот стадион во Прилеп повторно во полн сјај – зелен, чист и подготвен за натпревари

18.08.2026

Препорачани Вести

Вкупен промет од 16,48 милиони денари, најголем дел од ликвидноста кај банкарскиот и фарма сектор

6 месеци ago

ChatGPT руши рекорди: 900 милиони луѓе го користат секоја недела

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Проданоски: Сите сили и ресурси се ангажирани за ставање под контрола на пожарот во Мариово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран ја губи контролата врз Ормутскиот теснец, САД ја зајакнуваат позицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Странците почнуваат да плаќаат казни за брзо возење во Македонија, гужва на граничните премини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава против тројца скопјани за „насилство“ и „изнуда“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во благ пад: МБИ10 намален за 0,03 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.