четврток, август 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Проданоски: Нема опасност за населените места, над 100 луѓе се на терен

by Redakcija
20.08.2026
in Република
Проданоски: Нема опасност за населените места, над 100 луѓе се на терен

Четири краци од пожарот во Мариовскиот регион во моментов се активни, но сите се надвор од населените места и нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, ниту за имотите на граѓаните, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.

Според Проданоски, особено сериозна била ситуацијата околу Крушевица, каде во текот на вчерашниот ден пожарот претставувал сериозна закана. Со помош на механизација бил направен заштитен појас, со што е спречено ширењето на огнот кон населеното место, а во моментов на тој дел гори ниска вегетација.

Проданоски информира дека на терен се ангажирани повеќе од 100 луѓе, меѓу кои противпожарни екипи, припадници на Дирекцијата за заштита и спасување и Армијата, доброволни противпожарни друштва, ЈП „Национални шуми“, Универзалната единица за заштита и спасување, како и голем број локални доброволци.

Тој нагласи дека целосно се ставени во функција сите расположливи оперативни и технички ресурси на Општина Прилеп и на надлежните институции, со цел пожарот да се држи под контрола и да се заштитат жителите и нивниот имот.

Во гаснењето во неколку наврати биле ангажирани и воздухоплови. Проданоски посочи дека тие во моментов се привремено повлечени поради густата концентрација на чад и намалената видливост.

Градоначалникот изнесе и сериозни сомневања околу причините за пожарот. Според него, постојат индиции и материјален доказ, односно видеозапис од надзорна камера, кој упатува дека пожарот можеби бил предизвикан намерно.

„Ги повикувам граѓаните да останат спокојни. Општина Прилеп е максимално организирана и безбедноста на граѓаните и нивниот имот е наш највисок приоритет“, порача Проданоски.

Тој на крајот им се заблагодари на противпожарните екипи, доброволците, општествено одговорните компании и на сите кои деноноќно се на терен и помагаат во справувањето со пожарот.

Related Posts

ЈКП „Водовод“ – Битола: Отстранет дефектот, водоснабдувањето во градот се враќа во нормала

20.08.2026

Општина Битола набави шест нови машини за одржување на стадионот „Петар Милошевски“

20.08.2026

ВИДЕО – Проданоски: Над 100 луѓе на терен, пожарот во Мариово е надвор од населените места

20.08.2026
ДУИ бара предвремени избори: „Да се распушти Собранието, да се определи датумот“

ДУИ бара предвремени избори: „Да се распушти Собранието, да се определи датумот“

20.08.2026

Проданоски: Сите сили и ресурси се ангажирани за ставање под контрола на пожарот во Мариово

19.08.2026

Проданоски: Нека Свето Преображение донесе мир, здравје и благодет во секој прилепски дом

19.08.2026

Препорачани Вести

Полициска акција во Скопје: тројца странци барале пари и нападнале жртва

6 месеци ago

Почнува Богородичниот пост – МПЦ го објави типикот

1 недела ago

Популарни Вести

  • ЈКП „Водовод“ – Битола: Отстранет дефектот, водоснабдувањето во градот се враќа во нормала

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска и Ацевски потпишаа Меморандум за соработка помеѓу МФ и ДЗР – Поголема координација за заштита на јавните средства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола набави шест нови машини за одржување на стадионот „Петар Милошевски“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачењето за „Пулс“: Акустичниот сунѓер на плафонот исчезнал во пожарот, реконструкцијата повторно во фокусот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 0,38 отсто, најтргувани акциите на Алкалоид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.