четврток, октомври 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Вештачењето за „Пулс“: Акустичниот сунѓер на плафонот исчезнал во пожарот, реконструкцијата повторно во фокусот

by Redakcija
20.08.2026
in Црна Хроника

Какви материјали биле вградени во дискотеката „Пулс“, како огнот успеал толку брзо да го зафати објектот и какви градежни зафати биле правени пред трагедијата – ова беа дел од главните теми на денешното судско рочиште за пожарот во Кочани.

Пред судот сведочеше и одговараше на прашања професорот Горан Марковски од Градежниот факултет во Скопје, како предводник на тимот што го изработил вештачењето за објектот.

Еден од најважните делови од расправата се однесуваше на материјалот поставен на спуштениот плафон. Според вештачењето, станувало збор за полиуретански сунѓер кој бил користен за акустична изолација. Меѓутоа, по пожарот не останал примерок што би можел директно да се испита, бидејќи материјалот бил целосно уништен од огнот.

Вештаците до овој заклучок дошле преку анализа на фотографии и видео-снимки, како и со споредување на други вештачења и трагите што биле пронајдени по пожарот.

Одбраната поставувала прашања и за динамиката на пожарот, односно колку брзо се ширел огнот низ просторот. При проценката биле користени информации од противпожарните екипи, снимки направени во критичните моменти и изјави, а земени биле предвид и карактеристиките на материјалите кога се изложени на високи температури.

Во вештачењето биле опфатени и преградните ѕидови во дискотеката. За ѕидовите направени од гипс-картонски плочи било утврдено дека ги исполнувале условите за потребната пожарна отпорност.

Посебен сегмент од расправата се однесуваше на градежните промени направени во 2012 година, кога објектот бил реконструиран и приспособуван за да функционира како дискотека. Тогаш, меѓу другото, била дополнително зајакната меѓукатната конструкција со челични греди.

Според објаснувањето дадено во судницата, потребата од вакво зајакнување произлегла од новото оптоварување на конструкцијата по пренамената на објектот. Одбраната, сепак, побарала попрецизни одговори за тоа како и врз основа на кои докази била утврдена точната временска рамка на изведените интервенции.

Се анализирале и двете галерии кои биле изградени во 2012 година, а биле отстранети 12 години подоцна. Во текот на испитувањето било посочено дека нивното поставување имало влијание врз одделни конструктивни делови од објектот.

Покрај техничките аспекти на вештачењето, повторно се наметна и прашањето дали институциите навреме и соодветно ја вршеле својата законска улога во контролата на објектот. Семејствата на жртвите сметаат дека наодите не зборуваат само за состојбата во „Пулс“, туку отвораат дилеми и за пропустите на институциите што биле задолжени за надзор.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“, кој избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, додека обвинението го застапува тим составен од 15 јавни обвинители.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Кредити на туѓо име – Паднаа пет банкари за штета од над 12 милиони денари

22.10.2026

Царината пресече обид за шверц: Лекови од 336.000 денари сокриени во автобус

21.10.2026

Полицаец осомничен дека им „прогледал низ прсти“ на возачи кои возеле над 150 км/ч

21.10.2026

Кумановец заврши во станица: Во деловен простор пронајдени 28 сигнални пиштоли без дозвола

21.10.2026

Шестгодишно дете тешко повредено во судир на автомобил и тротинет во Скопје

20.10.2026

Напад врз ученик пред средно училиште во Скопје: Според пријавата, едно лице извадило пиштол

20.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Православните верници го одбележуваат денот на наоѓањето на главата на Свети Јован Крстител

Православните верници го одбележуваат денот на наоѓањето на главата на Свети Јован Крстител

8 месеци ago

Вработена во МВР повторно осомничена за злоупотреби со лични документи

1 месец ago

Популарни Вести

  • Новите правила на ЕУ носат промени за патниците: Што ако ви го откажат летот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Битола и Херцег Нови одбележуваат 50 години пријателство, продолжуваме да градиме мостови на соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Легендата за скриеното злато во Лабуништа: Каква тајна чува планината?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УЈП продава имот и возила на електронска аукција: Во понудата деловни простори и стан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.