Поради дефект на водоводната мрежа на улицата „В. Милодинови“, привремено ќе биде прекинато водоснабдувањето кај Шарена Џамија (Пашината Џамија), како и на дел од булеварот „Илинден“.
Од ЈКП „Шари“ информираат дека нивните екипи се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот.
Се очекува водоснабдувањето да биде нормализирано во најкраток можен рок.
Од претпријатието им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето и трпението.
…












