Во Белград, Србија, се одржува состанок на Движењето на неврзаните, на кој се разговара за актуелните глобални предизвици, зачувувањето на мирот и почитувањето на меѓународното право.
На состанокот се обрати и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој порача дека Србија е подготвена за соработка со сите земји со цел заштита на мирот и меѓународниот правен поредок.
„Србија е подготвена да работи со сите земји за одбрана на мирот и меѓународното право. Можете да сметате на Србија како доверлив и сигурен партнер“, изјави Вучиќ.
Состанокот во Белград ги обединува претставниците на земјите од Движењето на неврзаните, во услови на зголемени геополитички тензии и бројни безбедносни предизвици во светот.
Пораката на српскиот претседател доаѓа во контекст на заложбите на Движењето за почитување на суверенитетот на државите, мирно решавање на споровите и почитување на принципите на меѓународното право.
..












