Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, по повод почетокот на новата учебна година упати честитка до учениците, наставниците и родителите.
Тоневски посочи дека училишното ѕвонче го означува почетокот на нова година исполнета со нови знаења, пријателства, предизвици и успеси.
Посебна честитка упати до првачињата, за кои денес започнува едно од најубавите патувања – патувањето низ светот на знаењето.
„Драги ученици, бидете љубопитни, храбри и истрајни. Учете, создавајте, верувајте во себе и секогаш стремете се кон нови знаења и повисоки цели“, порача Тоневски.
Тој им посака на наставниците многу енергија, трпение, посветеност и успех во нивната работа, нагласувајќи ја нивната важна улога во градењето на иднината на младите.
Градоначалникот упати порака и до родителите да бидат најголема поддршка за своите деца во текот на нивното образование и растење.
„Нека новата учебна година донесе многу знаење, радост, успех и убави спомени за сите наши ученици. Среќен и успешен почеток на новата учебна година!“, порача Тони Тоневски.
…












