недела, ноември 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

ДОЈДЕ ВРЕМЕ ДА НЕМА РАБОТНИЦИ ВО ДРЖАВАВА. Тие што се без работа најчесто се без школо

by Redakcija
01.09.2026
in Економија

Дојде време на Македонија да и недостасуваат работници, особено во градежништвото и индустријата. Од некогашниот проблем за вработување сега во овие дејности се бара кој ќе работи. 

Компаниите сè потешко наоѓаат работници. Во јуни, првпат од почетокот на годинава, е регистриран месечен пораст на бројот на активни баратели на работа, додека работодавците продолжуваат да пријавуваат потреба од нови вработувања.

Според податоците на Агенцијата за вработување, во јуни како активни баратели на работа биле евидентирани 88.541 лице, што е за 2.425 повеќе во споредба со мај. Дополнително, регистрирани се и 41.281 невработено лице со статус на пасивен барател на работа. Но, недостасуваат работници во најбараните сектори.

Најголем дел од активните баратели на работа се лица со ниско или без образование. Од вкупниот број, 51.390 лица, односно 58 отсто, се без образование или со основно образование, додека 22.195 лица или 25 отсто имаат средно образование. Тоа значи дека дури 83 отсто од активните баратели на работа се без образование, со основно или со средно образование.

Иако бројот на невработени е висок, компаниите и натаму се соочуваат со недостиг на работна сила. Според анкетното истражување на Агенцијата за вработување, речиси 62 отсто од анкетираните работодавци изјавиле дека имаат потреба од нови вработувања.

За годинава, приватниот сектор најавува 14.498 нови вработувања. Најголема потреба има во преработувачката индустрија, каде што се планирани 5.328 нови работни места, односно 36,8 отсто од вкупниот број.

Следуваат трговијата на големо и на мало со 2.342 планирани вработувања, градежништвото со 1.437 и секторот за сместување и послужување храна со 958 нови работни места.

И актуелната понуда на слободни работни места ја покажува истата слика. На национално ниво има повеќе од 10.000 слободни работни места, од кои најмногу во преработувачката индустрија – 1.678. Во угостителско-хотелиерскиот сектор има 1.644 слободни места, во трговијата 1.483, а во административните и помошните дејности 1.411. Во градежништвото има 910 слободни работни места, а во транспортот 740.

Недостигот од работници сè повеќе се надополнува со ангажирање странска работна сила. Само лани биле обработени вкупно 10.143 барања поврзани со издавање работни дозволи за странци.

Од нив, 836 биле директни барања за издавање работни дозволи, додека 9.307 биле барања од Министерството за внатрешни работи за мислење за искористеноста на квотата и за моменталните потреби на пазарот на трудот.

За потребите на домашниот пазар, на почетокот од годинава Владата донесе одлука за зголемување на квотата на 10.000 работни дозволи за странци.

Состојбата покажува дека главниот проблем на македонскиот пазар на трудот не е само бројот на невработени туку и нивната квалификациска структура. Додека илјадници лица активно бараат работа, компаниите имаат потреба од работници со конкретни знаења и вештини.

Токму ова несовпаѓање меѓу понудата и побарувачката е една од причините поради кои домашните компании сè почесто се принудени да бараат работници надвор од земјата. Прашањето што останува е дали пазарот на трудот ќе успее да ги усогласи потребите на работодавците со квалификациите на домашната работна сила.

Извор: vecer.mk

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Берзанскиот промет во октомври намален за 45,56 отсто, послабо и класичното тргување

08.11.2026
ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

08.11.2026
„Алта банка“ од 9 ноември со нови правила: Повисок лимит, нови шалтери и целосен пристап до новите плати и пензии

„Алта банка“ од 9 ноември со нови правила: Повисок лимит, нови шалтери и целосен пристап до новите плати и пензии

08.11.2026
Брисел нотира напредок: Царината наплатила над 2,1 милијарди евра, физичките проверки повеќе од двојно зголемени

Брисел нотира напредок: Царината наплатила над 2,1 милијарди евра, физичките проверки повеќе од двојно зголемени

08.11.2026

РУДАРСТВО.мк: Брисел прогласи осум нови проекти за ископување на руда за стратешки

07.11.2026

Речиси секој трет доселеник размислувал да ја напушти Германија: Што покажуваат бројките за македонските граѓани?

07.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

(ВИДЕО) ХАОС НА МОСКОВСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Над 400 летови доцнат по најголемиот украински напад со дронови врз руската престолнина досега

(ВИДЕО) ХАОС НА МОСКОВСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Над 400 летови доцнат по најголемиот украински напад со дронови врз руската престолнина досега

2 месеци ago

Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Акција на интервентната полиција во Скопје: Уапсен 46-годишен маж, кај него пронајден хероин

    Акција на интервентната полиција во Скопје: Уапсен 46-годишен маж, кај него пронајден хероин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО| Нов напад врз Саудиска Арабија: Оштетена зградата на нафтениот гигант „Арамко“ во срцето на Ријад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алармантни 24 часа во Македонија: Дури 11 пријави за семејно насилство – тепани сопруги, закани и деца избркани од домот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | НЕВИДЕН ХАОС НА ФУДБАЛСКИ ТЕРЕН: Судија во Бразил покажал дури 53 црвени картони по масовна тепачка!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АЛАРМ ПО ПОЈАВАТА НА МОРБИЛИ: Амбулантите полни со деца со висока температура, многу од нив невакцинирани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.