Три лица се лишени од слобода во Радовиш откако при претрес во домот на едно од нив била пронајдена марихуана, информира Министерството за внатрешни работи.
На 1 септември 2026 година во 15:45 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш ги лишиле од слобода Х.А. (28) од Радовиш, Д.П. (22) од село Злеово и Ј.П. (26) од село Подареш.
При претресот во домот на Х.А., извршен врз основа на судска наредба, полицијата пронашла марихуана.
Според МВР, во службениот разговор Х.А. изјавил дека марихуаната претходно во неговиот дом ја однеле Д.П. и Ј.П.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
…












