среда, ноември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

„И Здравје и Работа“: Европа ги забрзува постапките за критични минерали, Македонија треба да го искористи потенцијалот на Иловица

by Redakcija
18.10.2026
in Македонија

Од иницијативата повикуваат јавната дебата за рударството да се темели на факти, стручност и одговорно разгледување на економските можности и еколошките стандарди.

Европската Унија ги интензивира напорите за обезбедување критични минерални суровини, а Европската комисија најавува нов повик за стратешки проекти до крајот на 2026 година. Во рамките на европската Директива за критични суровини, за стратешките проекти се предвидени поедноставени и попредвидливи постапки за издавање дозволи, со рокови до 27 месеци за експлоатација и до 15 месеци за проекти за преработка и рециклирање.

Овие европски чекори покажуваат дека критичните минерали добиваат сè поголемо значење за индустријата, енергетската транзиција и економската конкурентност на Европа.

Во овој контекст, иницијативата „И Здравје и Работа“ смета дека и во Македонија е потребна сериозна, аргументирана и одговорна дебата за потенцијалот на домашните минерални ресурси, вклучително и за проектот „Иловица – Штука“.

„Европа ја препознава важноста на критичните минерали и презема конкретни чекори за да ги развива своите капацитети. Македонија треба внимателно да ги разгледува можностите што ги има, врз основа на стручни анализи, законски процедури и јасни критериуми за заштита на животната средина и здравјето на граѓаните. Развојот и одговорноста не треба да се поставуваат како меѓусебно исклучиви цели“, порачуваат од иницијативата.

Проектот „Иловица – Штука“ е една од инвестициите во критични минерали во земјава за која се води долготрајна јавна дебата. Дозволата за геолошки истражувања е издадена во 2004 година, а подоцнежните истражувања укажуваат на потенцијал за просечно годишно производство до 16.000 тони бакар. Предвидениот животен век на рудникот е 23 години.

Од „И Здравје и Работа“ посочуваат дека дискусијата за ваквите проекти треба да ги опфати сите релевантни прашања: можностите за инвестиции и вработување, придобивките за локалната економија, заштитата на водите и земјиштето, здравјето на населението и примената на современи технологии и стандарди.

„На граѓаните им се потребни точни информации, проверливи податоци и можност да ги разберат и потенцијалните придобивки и ризиците. Одлуките за вакви проекти треба да се носат врз основа на стручни процени, со почитување на законите и со соодветна институционална контрола. Само така може да се води дебата што придонесува за информирано одлучување и долгорочниот интерес на државата и граѓаните“, наведуваат од иницијативата.

„И Здравје и Работа“ останува на ставот дека иднината на рударството во Македонија треба да се разгледува низ призмата на знаењето, одговорноста, заштитата на здравјето и животната средина и можностите за одржлив економски развој.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Божиновска: Во Варшава ги претставуваме плановите за стратешки резерви и заштита на енергетската инфраструктура

18.11.2026

Крај за рампите на патарините во Македонија?

18.11.2026

Николоски: Вештачката интелегенција е придобивка која мора да ја искористиме – работиме на напредни дигитални системи за конкретни придобивки на граѓаните и бизнисот

18.11.2026

Ноември може да донесе вистинска зима во Македонија: Се најавуваат студ и снег

18.11.2026

Николоски од Виенскиот економски форум: Економската соработка на регионот е потребна за заеднички пристап и посилна конкуренција на глобалниот пазар. Македонија работи на квалитетно регионално поврзување

18.11.2026

Мицкоски жестоко го осуди нападот врз девојка во Охрид: Сѐ ќе сторам сторителот да биде изведен пред лицето на правдата

16.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Летното сметање започнува: Ефектите на сезонското поместување на часовникот

Подолга ноќ, порано стемнување: Почнува зимското сметање на времето

4 недели ago

Тешка несреќа во Скопје: Автомобил удрил во двајца пешаци во Топанско Поле, жена итно пренесена со тешки повреди

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Во Варшава ги претставуваме плановите за стратешки резерви и заштита на енергетската инфраструктура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија меѓу земјите со важни наоѓалишта на критични минерали, ЕУ ја препознава стратешката вредност на бакарот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ле Пен ветува пензионирање на 60 години: Најави и нов пензиски фонд од 900 милијарди евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крај за рампите на патарините во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Вештачката интелегенција е придобивка која мора да ја искористиме – работиме на напредни дигитални системи за конкретни придобивки на граѓаните и бизнисот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.