Инцидент се случил синоќа во Клиничката болница во Тетово, каде 24-годишен жител на тетовското село Палатица предизвикал низа инциденти откако од него било побарано да изврши уплата за медицинска услуга.
Според информациите од СВР Тетово, на 1 септември околу 19:50 часот, Џ.М. го скршил стаклото од приемниот шалтер во болницата. При инцидентот, повреди добиле 24-годишникот и двајца вработени во установата.
По интервенцијата на полициските службеници, ситуацијата дополнително ескалирала. Според пријавеното, Џ.М. физички нападнал и полициски службеник кој постапувал во болницата.
Поради сериозноста на повредите, 24-годишникот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана медицинска помош.
На местото на настанот бил извршен увид. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
…












