четврток, септември 3, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Проданоски: Прилеп останува лидер во селекцијата на отпад во Македонија – 49% од граѓаните селектираат за рециклирање

by Redakcija
03.09.2026
in Република, Топ Вести

Прилеп продолжува да биде меѓу лидерите во Македонија кога станува збор за селекција на отпадот. Според најновото истражување на „Пакомак“, дури 49 проценти од граѓаните на Прилеп селектираат отпад за рециклирање.

Ова го истакна градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, кој посочи дека резултатот покажува оти селекцијата на отпадот сè повеќе станува дел од секојдневните навики на прилепските домаќинства.

„Селекцијата на отпад не е само прашање на систем и опрема. Таа започнува од секој дом, од секое семејство и од навиките што ги создаваме секој ден. Нашата обврска е да обезбедиме услови тие навики да се развиваат“, посочи Проданоски.

Во насока на унапредување на системот за управување со отпадот, за прилепските домаќинства се обезбедени дополнителни 8.318 канти од 120 литри за примарна селекција, како и 126 нови контејнери од 1,1 кубен метар.

Дополнително, обезбедени се и 9 специјализирани возила за собирање отпад, од кои четири веќе се испорачани. Во тек е и набавката и поставувањето на 52 полуподземни контејнери на 21 локација, за инвестиција вредна над 17 милиони денари.

Во рамките на кампањата на ЈКП „Комуналец“ – „Чисто е убаво“, за само 60 дена во процесот на селекција се вклучиле уште 680 нови домаќинства, додека на граѓаните им биле испорачани 1.280 канти.

Проданоски нагласува дека инвестициите во опрема и инфраструктура се важни, но дека успехот на системот зависи и од активното учество на граѓаните.

„Ова се конкретни чекори за подобар и пофункционален систем. Но, секој систем има смисла само кога граѓаните го прифаќаат и го користат. Затоа продолжуваме заедно. Да селектираме, да се грижиме за градот и да создаваме подобри навики. Чист и зелен Прилеп го создаваме заедно“, порача градоначалникот Проданоски.

…

Related Posts

„Тиквеш“ со нови меѓународни награди: Најдобар производител и најдобри вина во Германија и голем златен медал и специјална награда во Франција

03.09.2026

Димитриеска-Кочоска: Растот од 4,3% е потврда за позитивниот тренд и зајакнувањето на македонската економија

03.09.2026

Нема труење во Тетово: Лекарите откриваат што стои зад зголемениот број прегледи на деца

03.09.2026

Андоновски: Во октомври промоција на м.Услуги, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон

03.09.2026

3.000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ ВО ПРИЛЕП: Објавен јавниот повик, еве до кога можат да аплицираат родителите

02.09.2026

Без струја утре дел од Тетово и повеќе тетовски села

02.09.2026

Препорачани Вести

ВИДЕО: Жестоки напади врз Бејрут: „Сцените се апокалиптични“

5 месеци ago

МФ:Собранието ја разгледа Фискалната стратегија 2027-2031 со која се обезбедуваат одржливи и стабилни јавни финансии

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Четворица Италијанци и Македонец приведени во Велес – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ајварот повторно ќе се подготвува во македонските домови: За 10 тегли потребни се околу 2.500 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Тиквеш“ со нови меѓународни награди: Најдобар производител и најдобри вина во Германија и голем златен медал и специјална награда во Франција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,75 отсто, најголем промет со акциите на НЛБ Банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Прилеп останува лидер во селекцијата на отпад во Македонија – 49% од граѓаните селектираат за рециклирање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.