Македонските ученици и понатаму бележат резултати под меѓународниот просек на тестирањето ПИСА. Резултатите од циклусот ПИСА 2025, објавени денеска, покажуваат дека учениците од земјава заостануваат во трите тестирани области – математика, читање и природни науки.
Особено загрижувачки се резултатите по математика, каде што е регистрирано дополнително назадување во споредба со претходното тестирање.
Најслаби резултати се забележани во областа на читањето со разбирање. Станува збор за способноста на учениците не само да го разберат прочитаниот текст, туку и да ги анализираат информациите, да извлекуваат заклучоци и критички да размислуваат за содржината.
Во ПИСА 2025 учествувале речиси 7.000 петнаесетгодишни ученици од 124 училишта во Македонија.
Резултатите од тестирањето се уште еден показател за предизвиците со кои се соочува образовниот систем и за потребата од унапредување на квалитетот на наставата и развојот на функционалните знаења и вештини кај учениците.
….












