недела, ноември 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

TESSA Energy ја модернизира поранешната Топлана Скопје Север: Нова инвестиција во домашното производство на електрична и топлинска енергија

by Redakcija
12.09.2026
in Економија

Компанијата TESSA Energy, членка на групацијата TESSA Group, денеска и официјално ги пушти во употреба новите когенеративни капацитети во Скопје, со инсталирана електрична моќност од 2,1 MW и топлинска моќност од 2,6 MW. Инвестицијата во вредност од 2,5 милиони евра претставува прва фаза од поширок инвестициски циклус за модернизација на поранешната „Топлана Скопје Север“ и нејзина трансформација во современ центар за комбинирано производство на електрична и топлинска енергија.

Новата постројка е опремена со две современи високоефикасни генератори кои истовремено произведуваат електрична и топлинска енергија. Оваа комбинирана технологија овозможува ефикасно користење на природниот гас како гориво, пониски производствени трошоци, намалени емисии на јаглерод диоксид и уште посигурно снабдување со топлинска и електрична енергија за корисниците.

Почетокот на работата на новите капацитети го означија претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамет Хоџа, во придружба на сопственикот и генерален директор на TESSA Group, Ајри Шеј.

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, посочи дека модерната инфраструктура и партнерството со приватниот сектор се важни двигатели на развојот. „Денес сме на почеток на работа на една нова инвестиција и што приватниот сектор покажува дека може да прави зелена транзиција во државата и ова е многу значајно затоа што домашни компании покажуваат дека можат да се во чекор со најголемите светски трендови”, истакна тој.

„Ми претставува особено задоволство што денес сме овде во општина Чаир на настан со кој одбележуваме еден важен чекор во развојот на македонската енергетика. Денес го одбележуваме резултатот на инвестицијата која носи нов капацитет во домашниот енергетски систем, ново производство на електрична енергија и дополнителна сигурност за граѓаните и за македонската економија“, нагласи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамет Хоџа, го истакна еколошкиот придонес на проектот. „Инвестицијата на TESSA Energy од 2,5 милиони евра, покажува колку е важна одговорноста на сите чинители, особено тие од енергетиката и индустријата, за позитивни промени во животната средина. Но, ги покажува и можностите за приватниот сектор, преку вложувањето во поефикасни и почисти технологии. Оваа когенеративна постројка е токму таков пример. Во првата фаза се обезбедува централно греење за околу 500 домаќинства и 14 институции во Чаир и Бутел“, посочи министерот Хоџа.

Заблагодарувајќи се за добрата институционална соработка и поддршката што ја доби овој проект, сопственикот и генерален директор на TESSA Group, Ајри Шеј истакна: „Кога ја презедовме поранешната Топлана Скопје Север, не купивме само еден производствен капацитет. Презедовме одговорност да го зачуваме системот што им служи на илјадници граѓани и истовремено да го трансформираме во современ енергетски центар. Денешната инвестиција покажува дека со визија, знаење и современа технологија постојните капацитети можат да добијат нов живот и да создаваат нова вредност за државата, економијата и граѓаните“.

Инаку,TESSA Group веќе ја подготвува втората фаза од инвестицискиот циклус со која се предвидува изградба на нова високоефикасна когенеративна електрана со инсталирана моќност од 10,5 MW и проценета вредност до 10 милиони евра. Планирано е новиот производствен објект да има три гасни генератори од по 3,5 MW, со што дополнително ќе се зголеми производството на електрична енергија за домашниот и регионалниот пазар и ќе се унапреди ефикасноста на системот за централно греење во главниот град.

Овие инвестиции од страна на TESSA Group следуваат по преземањето на поранешната „Топлана Скопје Север“ на почетокот на 2024 година. Постројката денес работи како „Енерџи Еколинк АД Скопје“ и продолжува да обезбедува производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија за домаќинствата и деловните објекти во скопските општини Чаир и Бутел, додека новите инвестиции создаваат можност истиот систем истовремено да придонесува и кон домашното производство на електрична енергија.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Берзанскиот промет во октомври намален за 45,56 отсто, послабо и класичното тргување

08.11.2026
ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

08.11.2026
„Алта банка“ од 9 ноември со нови правила: Повисок лимит, нови шалтери и целосен пристап до новите плати и пензии

„Алта банка“ од 9 ноември со нови правила: Повисок лимит, нови шалтери и целосен пристап до новите плати и пензии

08.11.2026
Брисел нотира напредок: Царината наплатила над 2,1 милијарди евра, физичките проверки повеќе од двојно зголемени

Брисел нотира напредок: Царината наплатила над 2,1 милијарди евра, физичките проверки повеќе од двојно зголемени

08.11.2026

РУДАРСТВО.мк: Брисел прогласи осум нови проекти за ископување на руда за стратешки

07.11.2026

Речиси секој трет доселеник размислувал да ја напушти Германија: Што покажуваат бројките за македонските граѓани?

07.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Мицкоски ја засилува борбата со корупцијата: Национален совет за финансиски истраги и конфискација

Мицкоски ја засилува борбата со корупцијата: Национален совет за финансиски истраги и конфискација

9 месеци ago

Судот во Тетово пресуди во корист на Алијанса за Албанците – Таравари легитимен лидер

8 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО| Нов напад врз Саудиска Арабија: Оштетена зградата на нафтениот гигант „Арамко“ во срцето на Ријад

    ВИДЕО| Нов напад врз Саудиска Арабија: Оштетена зградата на нафтениот гигант „Арамко“ во срцето на Ријад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алармантни 24 часа во Македонија: Дури 11 пријави за семејно насилство – тепани сопруги, закани и деца избркани од домот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | НЕВИДЕН ХАОС НА ФУДБАЛСКИ ТЕРЕН: Судија во Бразил покажал дури 53 црвени картони по масовна тепачка!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АЛАРМ ПО ПОЈАВАТА НА МОРБИЛИ: Амбулантите полни со деца со висока температура, многу од нив невакцинирани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Берзанскиот промет во октомври намален за 45,56 отсто, послабо и класичното тргување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.