недела, септември 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска подготвуваат заеднички договор за самоопределување

by Уредник
13.09.2026
in Свет
Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска подготвуваат заеднички договор за самоопределување

Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска в понеделник ќе се сретнат во Кардиф, каде што се очекува да потпишат заедничка декларација со која ќе го побараат правото нивните граѓани да одлучуваат за иднината преку референдуми за независност, објави британски „Телеграф“.

На досега невидениот самит ќе учествуваат шкотскиот премиер и лидер на Шкотската национална партија, Џон Свини, првиот министер на Велс и лидер на Плаид Камри, Рун ап Јорверт, како и првата министерка на Северна Ирска, Мишел О’Нил.

На разговорите ќе им се придружи и претседателката на Шин Фејн и лидерка на опозицијата во ирскиот парламент, Мери Лу Мекдоналд. Средбата ќе се одржи во хотелот „Сент Дејвид“ со поглед кон заливот Кардиф.

Според најавите, лидерите ќе разговараат за заеднички пристап кон уставните промени и ќе потпишат меморандум за разбирање, со кој нивните партии ќе се обврзат на соработка во четири области – економијата, енергетиката, Европа и меѓународната соработка, како и правото на самоопределување.

Првпат партии што се залагаат за независност владеат во сите три нации

Самитот се одржува во период кога партии што се залагаат за независност или обединување првпат ја предводат власта во сите три децентрализирани нации на Обединетото Кралство.

Плаид Камри стана најголемата партија во велшкиот Сенед по тешкиот пораз на лабуристите на изборите во мај, по што Рун ап Јорверт ја презеде функцијата прв министер на Велс.

Шкотската национална партија, пак, ја зацврсти позицијата како доминантна политичка сила во Шкотска, иако загуби шест пратенички места во парламентот во Холируд, додека Реформ и Зелените забележаа напредок.

Шин Фејн победи на изборите за северноирското собрание во 2022 година. Поради повлекувањето на Демократската унионистичка партија од институциите, Мишел О’Нил мораше да почека до 2024 година за да ја преземе функцијата прва министерка. Се очекува Шин Фејн да ја задржи власта и по изборите закажани за следната година.

„За првпат Шкотска, Велс и Северна Ирска ги предводат први министри што се залагаат за независност. Не може да има појасен знак дека сегашната состојба не е одржлива и дека Вестминстер мора да се подготви за иднина по Обединетото Кралство“, изјави Свини.

Тој оцени дека моментумот за сериозни уставни промени е неспорен и додаде дека премиерот Енди Барнам би можел да остане запаметен како последниот премиер на Обединетото Кралство.

Притисок врз британскиот премиер

Средбата следува откако Барнам пред пратениците изјави дека би можел да одобри нов референдум за независност на Шкотска доколку постои јасен консензус во јавноста.

На премиерските прашања во Долниот дом тој рече дека условите за одржување референдум во Шкотска треба да бидат споредливи со оние што важат за Северна Ирска.

Според Договорот од Велики петок, референдум за обединување на Ирска треба да се организира доколку изгледа веројатно дека мнозинството жители на Северна Ирска би гласале за напуштање на Обединетото Кралство.

Извор близок до Џон Свини остро го критикуваше Барнам, обвинувајќи го дека не ги познава основните позиции на британската влада во однос на Унијата.

Од кабинетот на премиерот, сепак, порачале дека нов референдум за шкотска независност не доаѓа предвид пред следните парламентарни избори.

Во писмото испратено до Свини, Барнам навел дека не постои консензус за референдум во Шкотска, ниту јасна основа да се тврди дека мнозинството жители на Северна Ирска во моментов сакаат отцепување од Обединетото Кралство.

„Манифестот од 2024 година, врз основа на кој лабуристите го освоија парламентарното мнозинство, беше недвосмислен – Лабуристичката партија не поддржува независност или нов референдум“, напишал Барнам.

Тој додал дека независноста и референдумот остануваат надвор од агендата бидејќи би го пренасочиле вниманието од економскиот раст и помошта за семејствата погодени од високите животни трошоци.

Трамп се изјасни за обединета Ирска

Самитот ќе се одржи два дена откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал да види обединета Ирска.

За време на посетата на Даблин во саботата, Трамп рече дека приклучувањето на Северна Ирска кон Република Ирска би било „одлична работа“, прашувајќи: „Како може тоа да биде лошо?“

Неговата изјава доаѓа во период кога националистичките лидери го зголемуваат притисокот врз британскиот премиер, кој децентрализацијата на власта во Англија ја постави во центарот на својата политичка агенда.

Заеднички став за Европа и економијата

Според информациите на „Телеграф“, трите партии ќе се согласат дека нивните земји треба да бидат дел од Европската Унија – Шкотска и Велс како нови земји членки, а Северна Ирска како дел од обединета Ирска.

Меморандумот треба да предвиди и зајакнување на односите со европските „соседи“ како дел од подготовките за евентуална независност.

Во економскиот дел од договорот ќе биде наведено дека сегашниот економски модел на Обединетото Кралство не функционира во интерес на граѓаните на Шкотска, Велс и Северна Ирска.

Плаид Камри се очекува да ја искористи средбата за да побара од Барнам да ѝ пренесе дополнителни даночни и буџетски овластувања на велшката влада.

Партијата бара Велс да ги добива приходите од Кралскиот имот, вклучувајќи ги и оние од морското дно на кое се изградени ветерните електроцентрали. Овие приходи во моментов завршуваат во британското Министерство за финансии.

Плаид Камри бара и замена на формулата „Барнет“ со поповолен финансиски модел, како и пренесување дополнителни надлежности во областите на полицијата и финансирањето на железницата.

Извор од партијата оцени дека постои силна основа за практична политичка соработка во енергетиката, економијата и односите со Европа, но и за пошироките политички и уставни прашања и правото на самоопределување.

Шин Фејн: Обединета Ирска не е далечна желба

Од Шин Фејн порачаа дека лидерите ќе разговараат за правото на секоја од нивните нации демократски да ја обликува сопствената иднина, во согласност со волјата на народот.

„Договорот од Велики петок ни ги дава демократските средства да одлучиме, а сега е време сериозно да се подготвиме за тој избор. Ирското обединување не е далечна желба. Работата на изградбата на нова Ирска мора да започне сега“, изјави извор од партијата.

По завршувањето на разговорите и потпишувањето на декларацијата и меморандумот за соработка, тројцата први министри ќе одржат заедничка прес-конференција.

Related Posts

Нови напади врз саудиската нафтена инфраструктура, загрозена клучната рута за извоз на нафта

12.09.2026

Ле Пен убедливо води пред Меланшон и Филип во ново истражување за претседателските избори во Франција

12.09.2026
(ВИДЕО) Трамп на 25-годишнината од 11 септември: Никогаш нема да заборавиме, победата е единствената опција

(ВИДЕО) Трамп на 25-годишнината од 11 септември: Никогаш нема да заборавиме, победата е единствената опција

11.09.2026

Медведев со нова нуклеарна закана: Русија може да го нападне Киев и цели на НАТО

10.09.2026

Трамп вети по 5.000 долари за секој полнолетен Американец

10.09.2026

Тајниот систем со кој милиони од дрога се префрлале низ светот: Полицијата ја разби „Дубаи Банка“

09.09.2026

Препорачани Вести

Емиратите за првпат го нападнаа Иран – погодена постројка за десалинизација на вода

6 месеци ago

Галибаф: Иран подготвува поостар одговор на американските напади

6 дена ago

Популарни Вести

  • Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска подготвуваат заеднички договор за самоопределување

    Лидерите на Шкотска, Велс и Северна Ирска подготвуваат заеднички договор за самоопределување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп за недела, 13 септември: Погледнете што им носат ѕвездите на сите знаци!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вработена во МВР повторно осомничена за злоупотреби со лични документи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголемиот должник во Македонија нема имот за наплата, државата не може да наплати 14,87 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови напади врз саудиската нафтена инфраструктура, загрозена клучната рута за извоз на нафта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.