ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против 70-годишен жител на Кавадарци поради сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“.
Според пријавеното, 70-годишниот Р.Н. претходно пронашол туѓ паричник, по што на 5 август годинава, без дозвола и согласност од сопственикот, ја употребил платежната картичка што се наоѓала во него.
Со картичката тој извршил наплата во четири наврати, при што, според полицијата, се стекнал со противправна имотна корист во износ од 3.729 денари.

За случајот е поднесена кривична пријава до надлежните органи.












