Хрватската фудбалска репрезентација доби нови дресови, а по долгогодишната соработка со „Најк“, новиот производител е „Адидас“.

Официјално беа претставени домашната и гостинската гарнитура. Првиот дрес го задржува препознатливиот хрватски дизајн со бела основа и црвени коцки, додека резервната гарнитура е во сина боја.
Најголемо внимание привлече деталот во традиционалните црвено-бели коцки. Во нив за првпат се вградени букви од глаголицата, најстарото познато словенско писмо и важен дел од хрватското културно наследство.

Од Хрватскиот фудбалски сојуз наведуваат дека глаголичките букви се протегаат низ целиот препознатливиот дезен, со што традиционалниот изглед добива современа интерпретација.
Посебен детал се наоѓа и на задната страна од околувратникот, каде што името „Хрватска“ е испишано со глаголички букви.
Глаголицата е најстарото словенско писмо, создадено во 9 век и тесно поврзано со мисијата на светите браќа Кирил и Методиј.
…












