Во тек е голема полициска акција на подрачјето на Скопје – Чаир, Тетово и Гевгелија, насочена кон разбивање на криминална група.
Неофицијално, акцијата е насочена кон криминална група која е осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи, како и коруптивни кривични дела.
Според првичните информации, полицијата врши претреси на повеќе од десетина локации низ овие три града.

Исто така, неофицијално, шест лица се уапсени, а се трага по уште неколкумина. Порталот „Курир“ објави дека помеѓу лицата опфатени во акцијата имало и вработени во Царинската управа.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
…












