Полицијата пронашла и одзела 32 пакетчиња со кокаин, нож и пари при преглед на автомобил во скопската општина Аеродром. Возилото го управувал 30-годишниот Б.Ч. од Скопје, иако имал активна забрана за управување со возило, соопшти МВР.
Станува збор за автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки. По прегледот, Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднела кривична пријава по брза постапка против возачот.
Пријавата е поднесена поради сомнение за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.
…












