понеделник, септември 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Со многубројна публика и одлична атмосфера заврши фестивалот „Звуците на културата во Ѓорче 2026“

by Redakcija
21.09.2026
in Магазин, Топ Вести

Со многубројна публика, музика, танц и содржини за сите генерации заврши фестивалот „Звуците на културата во Ѓорче 2026“. Во текот на петокот и саботата, паркот беше исполнет со посетители кои дојдоа да уживаат во богатата програма и заедничкото дружење.

Фестивалот започна со уличните изведби на „Баскерфест“, а потоа следуваа настапите на Балетското студио „Ребис“ и хорот „Фрида“. Во рамките на „На Базар“ беа поставени штандови со ракотворби и различни производи, додека за најмладите беа организирани детски работилници.

Вечерната атмосфера продолжи со настапите на „Суперхикс“, „Пауза за ракија“ и DJ Галовски. Публиката пееше и танцуваше, а паркот остана исполнет до крајот на програмата.

Завршната вечер донесе настапи на The Crew, „Ареа“, „Куку Леле“ и трубачите „Левис“. Секој од изведувачите внесе различна енергија, а многубројната публика уште еднаш покажа дека Ѓорче сака и поддржува квалитетни културни и забавни настани.

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ беа дел од „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“, во чии рамки во текот на септември се одржаа мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции, „Музичко талент шоу“ и други содржини за посетители од различни генерации.

Со разновидната програма и големата посетеност, годинешното издание создаде вистинска фестивалска атмосфера и го претвори паркот во место каде што граѓаните се собраа, се дружеа и уживаа во културата и музиката.

Општина Ѓорче Петров упатува благодарност до сите посетители, изведувачи, учесници и соработници кои придонесоа фестивалот да заврши успешно и во одлична атмосфера.

…

Related Posts

Само тројца во светот патуваат без пасош: Ова е причината за нивната необична привилегија

21.09.2026

Рударство.мк: Европа ја зголемува побарувачката, нова можност за македонското рударство

21.09.2026

Еве до која возраст смеете да возите во оваа земја: Правилото изненади многумина

21.09.2026

Што се празнува на Мала Богородица и зошто овој ден има посебно значење за верниците

21.09.2026

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 21 СЕПТЕМВРИ: ЉУБОВНИ ИЗНЕНАДУВАЊА, ВАЖНИ ОДЛУКИ И НОВИ МОЖНОСТИ

21.09.2026

(ВИДЕО) Бразилец се обиде да избега преку прозорец кога се појавил сопругот – бегството заврши неславно

20.09.2026

Препорачани Вести

Канада возвраќа на Трамп со нови царини за американската стока

4 недели ago

Нов повик од ОКТА: Стипендии за постдипломски студии дома и во странство

6 месеци ago

Популарни Вести

  • МВР со детали за голема полициска акција во Скопје, Тетово и Гевгелија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само тројца во светот патуваат без пасош: Ова е причината за нивната необична привилегија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Административец фалсификувал решенија за приватизација додека работел во Управата за имотно-правни работи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Со многубројна публика и одлична атмосфера заврши фестивалот „Звуците на културата во Ѓорче 2026“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ФОТО: Полицијата расчисти серија кражби во Тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.