четврток, септември 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

САД го одбија условот на Иран за Ормускиот теснец: „Вие не го контролирате“

by Redakcija
24.09.2026
in Свет

САД ја отфрлиле понудата на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец, за време на индиректните разговори меѓу двете страни на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Според извештаите, на иранската страна ѝ било порачаано дека Техеран не го контролира Ормускиот теснец, а американската страна го довела во прашање и правото на Иран да поставува услови за негово повторно отворање.

Иран, наводно, на САД им поставил рок од една недела за исполнување на своите услови. Меѓу барањата биле итно укинување на американската поморска блокада, ослободување на замрзнатите ирански средства и завршување на воените дејствија на сите фронтови.

Американските специјални пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер ги отфрлиле овие барања.

Разговорите се одвивале индиректно, со посредство на Катар. Виткоф и Кушнер биле во една просторија, додека иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи бил во друга, а катарските посредници ги пренесувале пораките меѓу двете страни.

Можно е да има и дополнителни разговори пред завршувањето на заседанието на Генералното собрание на ОН. Сепак, посредниците ја очекуваат одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп дали дипломатскиот процес ќе продолжи или Вашингтон ќе избере друг пристап.

Овие разговори се прва рунда директни дипломатски контакти меѓу двете страни од средината на јуни.

Трамп претходно изјави дека американските специјални пратеници разговарале со ирански претставници и оцени дека состанокот поминал „многу добро“ и траел околу три часа.

„Не можам да замислам зошто Иранците не би сакале да постигнат договор. Станува збор или за потенцијална големина или за уништување, тоа се нивните две опции“, изјави Трамп, додавајќи дека Иран „може да биде голема земја“.

Американскиот претседател истакна и дека неговите специјални пратеници договориле нова средба со Иран во блиска иднина.

Во говорот пред Генералното собрание на ОН, Трамп порача дека САД никогаш нема да дозволат Иран да дојде до нуклеарно оружје.

Ормускиот теснец е еден од најважните светски поморски коридори за транспорт на нафта и гас, поради што неговото затворање или ограничување на пловидбата има значително влијание врз енергетските пазари и глобалната трговија.

…

Related Posts

Русија нема да ги запре нападите, Лавров спомена и три европски земји: „Поучени од горчливото искуство…“

24.09.2026

Сибиха: Украина прифати целосен и безусловен прекин на огнот, ја повикуваме Русија да го направи истото

23.09.2026

Научници: Големиот Ел Нињо ќе предизвика 450.000 смртни случаи – ова се најзагрозените земји

23.09.2026

Избувна нова војна во Африка

23.09.2026

Руски воен хеликоптер влезе во Полска: Веднаш беа кренати полски борбени авиони

23.09.2026

Командант на НАТО предупредува на опасна тактика: Путин сака да ја испровоцира Алијансата

23.09.2026

Препорачани Вести

Проданоски: Поддршка и еднакви можности за лицата со Даунов синдром

6 месеци ago

Дали ова е последното предупредување од Трамп?

8 месеци ago

Популарни Вести

  • САД го одбија условот на Иран за Ормускиот теснец: „Вие не го контролирате“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Јадранското Море пуштаат илјадници октоподи: Имаат само една задача

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ураганот Поло достигна категорија 5: Се следи и можен редок ефект со друг ураган

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во штипско училиште забранети телефоните, чипсот, смоките и обоените сокови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве од кога граѓаните ќе можат да имаат лична карта и возачка дозвола на телефон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

Здравје – Вистинското има вкус
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.