петок, септември 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска: Енергетската заедница со потврда за Македонија – силен раст на ОИЕ и напредок кон целите за 2030

by Redakcija
25.09.2026
in Економија, Топ Вести

Раст на обновливите извори во електроенергетскиот сектор и поволна траекторија кај финалната потрошувачка, со јасно дефинирани мерки за декарбонизација во ажурираниот НПЕК 2025–2030

Последната оценка на Секретаријатот на Енергетската заедница покажува силен раст на обновливата електрична енергија во Македонија, и оценува дека земјата може да остане во рамките на обврзувачката цел за финална потрошувачка на енергија до 2030 година, доколку се одржат сегашните напори. Ажурираниот НПЕК 2025–2030 ја претвора оваа насока во конкретни, мерливи цели и политики.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на интегрираниот Националниот план за енергија и клима (НПЕК) како централна рамка за енергетската транзиција до 2030 година.

Ажурираниот НПЕК 2025–2030 ги поставува целите и мерките за декарбонизација, обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, додека оценката на Секретаријатот на Енергетската заедница од август 2026 година дава независна слика за досегашниот напредок и за областите во кои е потребно да продолжи темпото на спроведување.

Обновливи извори: најсилниот напредок е во електроенергетскиот сектор

Според оценката на Енергетската заедница, уделот на обновливата енергија во производството на електрична енергија во Македонија се зголемил од 25,9% во 2022 година на 32,2% во 2023 година.

Извештајот посебно ја издвојува Македонија, заедно со Албанија, како една од земјите со водечки развој на соларните фотоволтаични капацитети во регионот. Растот е поврзан со поширокото воведување на соларни и други обновливи технологии, паралелно со традиционалната улога на хидроенергијата.

Во 2023 година уделот на ОИЕ во бруто-финалната потрошувачка на енергија изнесувал 20,2%, додека целта за 2030 година е 31,6%.

По сектори, поставени се следните цели за 2030 година:

  • 51,2% ОИЕ во електроенергетскиот сектор;
  • 38,9% во греење и ладење;
  • 19,0% во транспортот.

Планот предвидува понатамошен развој на соларни и ветерни капацитети, модернизација на мрежата, системи за складирање, поедноставување на процедурите за дозволи, аукции и нови механизми за пазарна интеграција на обновливите извори.

Клучни показатели од ажурираниот НПЕК 2025–2030

Декарбонизација: мерлив план за намалување на емисиите до 2030

Во димензијата на декарбонизација, ажурираниот НПЕК ја поставува целта за вкупни емисии на стакленички гасови во 2030 година на 6,72 Mt CO₂eq, што претставува намалување од 46,1% во однос на 1990 година. Кога се земаат предвид и емисиите и отстранувањата, целта изнесува 4,35 Mt CO₂eq, односно намалување од 60,2% во однос на 1990 година. Ажурирањето ги вградува поновите податоци за енергетскиот систем, транспортот, отпадот и капацитетот на шумските понори, со што траекторијата до 2030 година се поставува врз пореална податочна основа.

Енергетскиот сектор останува најголемиот извор на емисии, но и сектор со најголем потенцијал за намалување. НПЕК проектира намалување на емисиите од енергетскиот сектор на околу 4,33 Mt CO₂eq до 2030 година. Главните мерки се постепено напуштање на јагленот до 2030 година, замена со почисти и пофлексибилни капацитети, забрзано воведување на соларна и ветерна енергија, модернизација на преносната и дистрибутивната мрежа, батериско складирање, електрификација на транспортот и повисока енергетска ефикасност во зградите и индустријата.

План со повисоко ниво на мерливост и отчетност

Оценката на Енергетската заедница нотира дека политиките и мерките во националните планови генерално се опишани преку цели, рокови, секторски опфат и надлежни институции, но Македонија се издвојува по тоа што ги квантифицира очекуваните резултати или придонесот на мерките кон секторските цели. Тоа е важна основа за следење на реализацијата, затоа што овозможува напредокот да се мери преку конкретни индикатори – инсталирана моќност, производство на електрична енергија, потрошувачка и намалување на емисиите. 

Достапните податоци потврдуваат мерлив напредок кај обновливата електрична енергија, поволна траекторија кај финалната потрошувачка доколку се одржат напорите и јасно дефинирана рамка за декарбонизација до 2030 година. 

Министерството ќе продолжи со спроведување и следење на НПЕК, со фокус на инвестиции во ОИЕ, мрежи и складирање, енергетска ефикасност и мерки за намалување на емисиите, со цел целосно исолнување на целите до 2030 година.

…

Related Posts

Проданоски на изложбата „Градот во мене“: Уште една убава приказна за Прилеп раскажана преку уметноста

25.09.2026

Коњановски: Горд сум што младите во Битола го наоѓаат своето место за професионален развој

25.09.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,68 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25.09.2026

Виктор Грозданов го прозва Филипче: Каде се фактите за тврдењата за рудниците

25.09.2026

Општина Битола: 15 локални организации на едно место за нови можности за младите

25.09.2026

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

25.09.2026

Препорачани Вести

Трамп испрати остра порака до Иран – Ќе има силен американски одговор

2 месеци ago

Димитриеска Кочоска: Реформската агенда веќе носи резултати во јавните финансии

8 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО: Летаа јајца кон Рама – Непријатен пречек во Њујорк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски на изложбата „Градот во мене“: Уште една убава приказна за Прилеп раскажана преку уметноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Состанок што ќе го следи целиот свет: Путин, Трамп и Кси во Кина во ноември?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Енергетската заедница со потврда за Македонија – силен раст на ОИЕ и напредок кон целите за 2030

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Браќа со лажни хрватски лични карти откриени на аеродром: Имињата биле „Крал Ладислав“ и „Кнез Трпимир“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.