36-годишен маж од Скопје пријавил во полиција дека бил физички нападнат од неговата поранешна партнерка.
Според пријавеното, инцидентот се случил на 26 септември околу 3 часот по полноќ во неговиот дом во подрачјето на Чаир. Како што навел мажот, неговата поранешна 34-годишна партнерка М.К. од Скопје дошла во неговиот дом, по што физички го нападнала и оштетила дел од покуќнината.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 27 септември во 17:30 часот.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
…












