четврток, октомври 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска: Македонија има голем геолошки потенцијал кој треба систематски да се истражува

by Redakcija
01.10.2026
in Економија, Топ Вести

Геолошкиот потенцијал на Македонија треба да се истражува систематски, со научен пристап и преку поголема меѓународна соработка, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

На координативен состанок во Министерството, на кој учествувале претставници на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Геолошкиот завод, биле разгледани повеќе иницијативи за истражување и одржливо користење на минералните и геотермалните ресурси на земјата.

Во рамки на „Хоризонт Европа“ се подготвува заеднички проект за истражување на геотермалниот потенцијал на Македонија, со можност за вклучување и на меѓународни партнери.

На состанокот било разговарано и за подготовка на програма за систематско истражување на потенцијалот на критичните минерални суровини, кои имаат значење за енергетиката и развојот на новите технологии.

Една од иницијативите се однесува и на сивецот, односно можностите за заштита и поголема препознатливост на оваа домашна минерална суровина преку воведување географска ознака.

Дополнително, разгледана е иницијативата за изработка на каталог на минералните суровини, со цел систематизирање на геолошките информации и создавање основа за идни истражувања и планирање.

Божиновска посочи дека особено значајно е поврзувањето на домашните научни и стручни капацитети со европските истражувачки програми и институции.

Целта, како што наведува, е подобро истражување и разбирање на природното богатство со кое располага Македонија и создавање научна основа за негово одговорно и одржливо користење.

…

Related Posts

Прилеп слави 85 години од 11 Октомври: Богата програма од денеска до 3 ноември

01.10.2026

Рекорден септември на uslugi.gov.mk: 27.345 поднесени барања за еден месец, вкупната бројка надмина 400.000

01.10.2026

Општина Битола: Потпишан Меморандум за соработка меѓу индустриските зони од Западен Балкан и ЕУ

01.10.2026

Николоски од Брисел: Ќе разговараме за големите инфраструктурни проекти и европската интеграција

30.09.2026

Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 2,60 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

30.09.2026

Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во Европа со раст од 34,8%

30.09.2026

Препорачани Вести

Србија и Косово во нова енергетска блокада: Приштина се жали во Брисел

2 месеци ago
Стоилов ќе биде нов тренер на Бутел од следната сезона, Пешевски продолжува како дел од Пелистер

Стоилов ќе биде нов тренер на Бутел од следната сезона, Пешевски продолжува како дел од Пелистер

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Прилеп слави 85 години од 11 Октомври: Богата програма од денеска до 3 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Македонија има голем геолошки потенцијал кој треба систематски да се истражува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возач на камион од Македонија загина во тешка несреќа кај Лесковац

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски во Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.