среда, ноември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Огромен пожар во историскиот дворец „Милер“ во Санкт Петербург: Огнот зафати 2.000 квадратни метри

by Redakcija
02.10.2026
in Свет

Голем пожар избувна во историскиот дворец „Милер“ на Исакиевскиот плоштад во центарот на Санкт Петербург, непосредно спроти познатата Исакиевска катедрала.

Според руското Министерство за вонредни ситуации, пријавата за пожарот била примена во 20:11 часот по локално време. Огнот брзо се проширил низ објектот, а зафатената површина достигнала околу 2.000 квадратни метри.

Поради брзото ширење на пожарот, степенот на сложеност бил подигнат на трет ранг. Првично било пријавено дека гори површина од околу 450 квадратни метри.

На терен биле ангажирани 125 пожарникари и 25 единици специјална техника. Екипите истовремено ги ладат покривите на околните објекти за да спречат натамошно ширење на огнот.

Засега нема информации за загинати или повредени лица. Според локалните информации, објектот бил неексплоатиран и бил подготвуван за реставрација.

Причината за пожарот засега не е позната. Од прокуратурата на Адмиралтејскиот реон соопштиле дека се утврдуваат сите околности и причините за избувнувањето на пожарот, што ќе бидат познати по целосното гаснење на огнот.

Историскиот објект, познат како дворецот „Милер“, потекнува од втората половина на XVIII век. Бил преуредуван во периодот од 1879 до 1880 година, а во 2021 година бил внесен во Единствениот државен регистар на објекти на културното наследство како објект од регионално значење.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Ле Пен ветува пензионирање на 60 години: Најави и нов пензиски фонд од 900 милијарди евра

18.11.2026

Ескалација на Блискиот Исток: Иран нападна американски воени цели

18.11.2026

Путин пристигна кај Си, се очекува и Трамп: Дали светот е пред нова Јалта?

18.11.2026

Лажни банкари им ги празнеле сметките на граѓаните: Откриена меѓународна криминална мрежа со стотици осомничени

17.11.2026

Мелбурн ѝ се извини на македонската заедница: Старото македонско знаме повторно ќе се вее на парадата

17.11.2026

Новиот американски бомбардер помина важен тест: Првите авиони во Елсворт се очекуваат во 2027 година

16.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Општина Битола: Граѓаните повторно ќе имаат збор во креирањето на буџетот за 2027 година

1 ден ago

Завршена реконструкцијата на патот во село Јажинце, значително подобрена инфраструктурата во Јегуновце

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Сакскобурготски со порака до Софија: Историјата да им се остави на историчарите, Македонија да влезе во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Повеќе извори на снабдување и посилна регионална соработка за енергетска безбедност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола оддаде почит на борците од Првата егејска македонска ударна бригада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Во Варшава ги претставуваме плановите за стратешки резерви и заштита на енергетската инфраструктура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија меѓу земјите со важни наоѓалишта на критични минерали, ЕУ ја препознава стратешката вредност на бакарот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.