вторник, октомври 6, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Разбиена меѓународна група за трговија со дрога: Пет лица со кривични пријави

by Redakcija
06.10.2026
in Црна Хроника

Screenshot

Разбиена е меѓународна криминална група осомничена за нелегална трговија со дрога, а во акцијата се приведени пет лица, информираат надлежните институции.

Против петтемина е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Случајот започнал по добиена разузнавачка информација од Одделението за разузнавање. Потоа, мобилните тимови на Одделението за оперативни работи на граничниот премин Дојран, при излез од државата, спречиле транспорт на 79 килограми марихуана.

Според информациите, дрогата била наменета за турскиот пазар. Марихуаната била запленета, а возачот, државјанин на Босна и Херцеговина, бил приведен.

По заплената, во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, била спроведена предистражна постапка со цел да се утврди кој сè бил вклучен во нелегалниот транспорт и трговијата со дрога.

Преку понатамошни разузнавачки и оперативни активности биле идентификувани и други лица поврзани со случајот, по што следеле приведувањата и поднесувањето на кривичните пријави.

Од надлежните институции посочуваат дека продолжуваат со активности насочени кон сузбивање на организираниот криминал и нелегалната трговија со наркотични средства.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

„Task Force“ во акција: Двајца приведени во Тетово – МВР со детали

06.10.2026

Судир на камион и два автомобили на „Борис Трајковски“: Двајца повредени

06.10.2026

ТРАГЕДИЈА НА АВТОПАТ: Маж прегазен и оставен мртов, полицијата трага по возачот

06.10.2026

„Task Force“ удри низ Македонија: 20 лица во полициски раце, запленета огромна количина дрога

05.10.2026

Малолетничка група ограбувала во Центар: Шестмина приведени

05.10.2026

Полициски „Чистач“ низ Македонија: Приведени над 5.600 лица, поднесени 1.135 кривични пријави

05.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

„Нож и виљушка на европска чинија“: Спој на европската трпеза и македонската традиција на 9 мај во Паркот на Франкофонијата

5 месеци ago

Димитриеска-Кочоска: Намалувањето на царините за 70 стоки ќе ја зголеми конкурентноста на македонската индустрија

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Починати и иселени на списокот за социјална помош: Откриени илјадници неправилности

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Task Force“ во акција: Двајца приведени во Тетово – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Новата училница и прочистувачот на воздух создаваат подобри услови за учениците во „Јане Сандански“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разбиена меѓународна група за трговија со дрога: Пет лица со кривични пријави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.