среда, октомври 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Признание за квалитетот и гостопримството: Limak Skopje Luxury Hotel е „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“

by Redakcija
07.10.2026
in Македонија

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel. Признанието, кое го доделува Министерството за култура и туризам во рамки на манифестацијата „Најдобрите во 2026 година“, по повод Светскиот ден на туризмот, на претставниците на Limak им го врачи министерот за култура и туризам на земјава, Седат Сулејмани, на свеченоста одржана во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје.

Наградата, која има долгогодишна традиција, е признание што Министерството за култура и туризам го доделува за придонес кон унапредувањето на туристичката понуда и квалитетот на услугите во туризмот. За Limak Skopje Luxury Hotel, таа е потврда за резултатите во секојдневната работа, од квалитетот на услугата и професионалноста на тимот, до начинот на кој одговара на сè поголемите очекувања на своите гости.

Во година во која Скопје и натаму се позиционира како дестинација за деловни патувања, значајни конференции и големи настани, признанието од Министерството за култура и туризам е важна потврда за местото што хотелот го има во туристичката понуда на главниот град. Поставен во централното градско подрачје, Limak Skopje Luxury Hotel е дел од современиот урбан пејзаж, а неговата локација и архитектурата му даваат посебно место на хотелската и угостителската сцена во земјава.

„Ова признание за нас има голема вредност затоа што доаѓа како резултат на работата на нашиот тим кој секојдневно се грижи Limak Skopje Luxury Hotel да ја оправда довербата од своите посетители. Во хотелиерството, квалитетот се гледа во деталите, почнувајќи од услугата, вниманието кон гостинот, начинот на кој тимот реагира, но и во чувството со кое гостинот го напушта хотелот. Горди сме што трудот на нашиот тим е препознаен и од институцијата што го следи развојот на туризмот во земјата. Ова признание за нас е потврда за постигнатото, но и мотив да продолжиме да инвестираме во уште повисоки стандарди“, изјави Санџак Курт, генерален директор на Limak Skopje.

Признанието од Министерството за култура и туризам добива дополнителна тежина ако се земат предвид и впечатоците на самите гости. Limak Skopje Luxury Hotel е меѓу највисоко оценетите хотели на Booking.com. Особено се издвојува по локацијата, удобноста, чистотата и професионалноста на персоналот, а во 2026 година го доби и признанието Traveller Review Award.

Со 146 соби, ресторан, лоби бар, скај бар, спа и фитнес центар, како и современи простори за конференции и настани, Limak Skopje Luxury Hotel е дизајниран да одговори на различни потреби, и за кратки престои и деловни патувања, но и за големи корпоративни и приватни настани.

„Најголемата вредност на едно хотелско признание е кога зад него стои искуството на оние што престојувале во хотелот. Нашата работа е секој гостин, без разлика дали доаѓа на една ноќ, на деловен состанок, на конференција или на подолг престој, да почувствува дека вниманието кон него е искрено и професионално. Затоа ова признание го споделуваме со целиот тим на Limak Skopje Luxury Hotel. Тоа е нивна награда исто колку што е и наша, бидејќи токму луѓето се тие што го претвораат хотелот во искуство“, изјави Ѓокан Рамазаноглу, генерален директор на Limak Skopje Luxury Hotel.

За Limak Skopje Luxury Hotel, признанието „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ е потврда за досегашната работа, но и поттик за понатаму. Со истото внимание кон услугата и гостите, хотелот продолжува да го гради своето место меѓу значајните хотелски имиња во главниот град.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

„Реплек“ ги јакне меѓународните партнерства и потенцијалот за раст на извозот

07.10.2026

„Скопје е непостоечка државичка“ – Грчки европратеник со мизерна порака до Фон дер Лајен

07.10.2026

Мицкоски: Некои земји го злоупотребуваат ветото за прашања надвор од европските вредности

07.10.2026

Официјална потврда за средбата во Софија: Муцунски и Петрова ќе разговараат за отворените прашања

07.10.2026

Меџити: Изборот на Јустина Широка Пула е важен чекор за Косово

07.10.2026
Мицкоски: Транзицијата остави трага во колективната меморија и ги поттикна младите на иселување

Мицкоски: Македонска економија е многу постабилна од било која економија во регионот

07.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Славески предлага контрола на банкарските надоместоци

4 месеци ago

Политички застој во Приштина: Собранието без договор за претседател, земјата пред можни предвремени избори

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Признание за квалитетот и гостопримството: Limak Skopje Luxury Hotel е „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Реплек“ ги јакне меѓународните партнерства и потенцијалот за раст на извозот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 0,58 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Скопје е непостоечка државичка“ – Грчки европратеник со мизерна порака до Фон дер Лајен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија има рударски кадри, но каде ќе работат? Иловица е еден од проектите што може да отвори нови можности

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.