четврток, октомври 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Брисел со остро предупредување до Косово по измените на законот за Хаг

by Redakcija
08.10.2026
in Балкан

Европската Унија изрази сериозна загриженост поради измените на Законот за Специјализираните совети на Косово со седиште во Хаг, кои беа усвоени од косовскиот парламент.

Од Брисел оценуваат дека дел од измените не се усогласени со меѓународните обврски што Косово ги презело кон Европската Унија.

Со новите законски одредби се ограничува надлежноста на Специјализираните совети, се намалуваат максималните затворски казни и се отвора можност за помилување.

„Апелираме Косово да ги почитува своите меѓународни обврски за гарантирање на судската независност на Специјализираните совети на Косово, како и својата посветеност да обезбеди одговорност и правда за жртвите и нивните семејства од сите заедници во Косово“, порача портпарол на ЕУ.

Брисел истакна дека ја поддржува работата на Специјализираните совети како независна судска институција и нагласи дека нивната независност мора целосно да биде почитувана.

Од ЕУ додаваат дека судот ја спроведува правдата врз основа на принципот на индивидуална кривична одговорност.

На измените реагираше и германската амбасада во Косово. Портпаролката Каталин Хајне порача дека независноста на Специјализираните совети мора да биде зачувана за тие да можат да ја исполнат својата мисија – да обезбедат одговорност и правда за жртвите од сите заедници.

Измените беа предложени од Демократската партија на Косово, а во парламентот добија поддршка и од партијата на премиерот Албин Курти. Поддршката дојде во период кога партијата на Курти обезбеди поддршка за изборот на Јустина Широка-Пула за нова претседателка на Косово.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Драма во Истанбул: Се урнаа три ката од седумкатна зграда, спасени осум лица

08.10.2026

Криза во турските инвестициски фондови: Ердоган најави жестока акција

08.10.2026

Руски или украински дронови? Бугарија сè уште нема одговор за нападот врз бродовите

07.10.2026

Радев свика итен состанок: Два брода погодени во Црното Море

06.10.2026

Насилни протести во Приштина: 17 лица повредени, полицијата употреби солзавец и водени топови

06.10.2026

Со водосвет започна новата парламентарна година во Грција: Јероним со порака до пратениците

05.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

zima

Променливо облачно со нови снежни врнежи

9 месеци ago

Урбанистичко и еколошко предизвик во Битола – конкурс за архитекти и пејсажни дизајнери

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Пад на цените на деловните простори: Квадрат се продавал за околу 243 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тоневски: Пробиштип со одличен успех на Републичките спортски натпревари на пензионерите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Македонија се движи кон рекордни 4 милиони патници на аеродромите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драма во Истанбул: Се урнаа три ката од седумкатна зграда, спасени осум лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со остро предупредување до Косово по измените на законот за Хаг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.