сабота, октомври 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Директор и вработена во „Национални шуми“ приведени, во одделна акција одземени 400 кубици дрво

by Redakcija
10.10.2026
in Црна Хроника

Директорот на подружницата „Црн Бор“ во Прилеп и вработена во подружницата „Бабуна“ во Велес биле приведени во рамки на одделни постапки за сомнежи за незаконско постапување со дрвна маса. Ова го соопшти заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов.

За случајот во Велешко, полицијата претходно информираше дека на 7 октомври во селото Теово биле лишени од слобода три лица, меѓу кои и вработена во јавното претпријатие. Притоа биле одземени дрва и други предмети поврзани со случајот.

Михаилов наведе и дека во друга постапка била поднесена кривична пријава против вработен во подружницата во Свети Николе и против правно лице. Според неговите информации, проценетата штета во тој случај надминува 50.000 евра.

Во изминатите денови се спроведувале и акции за одземање возила и огревно дрво. Од правно лице во Скопско биле одземени околу 400 кубни метри дрво, со проценета вредност од околу два милиони денари, односно над 30.000 евра.

Според Михаилов, на оваа акција ѝ претходела десетдневна истрага, а била спроведена во координација со обвинителството, Министерството за внатрешни работи и Шумската полиција.

Тој посочи дека досегашните информации упатуваат на можно дејствување на организирана група поврзана со нелегален превоз и продажба на дрва. Се проверуваат индиции за активности на повеќе подрачја, од Скопска Црна Гора и Китка до Гостивар и Велес, како и евентуална вмешаност на лица од институциите.

Во своите објави Михаилов порача дека нема да има поделба на „наши“ и „ваши“ и дека секој што го прекршил законот треба да одговара.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Деведесетгодишник пријавил измама во Тетово: За 3.000 денари добил фалсификувани 50 евра

09.10.2026

Доживотен затвор за Трајко Бојковски од Куманово

09.10.2026

Снимката го откри прекршокот: МВР го пронајде возачот кој го блокираше сообраќајот во Скопје

08.10.2026

Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно Соње

07.10.2026

Приведен виш обвинител од Битола: При претресот му се одземени шест телефони, УСБ и компјутер

07.10.2026

Ауди излетало од патот Тетово–Гостивар: Четворица повредени

07.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Азербејџан ја крева војската по нападот во Нахчиван

7 месеци ago

Летото не попушта – Денес температури до 37 степени

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Божиновска: Правиме сѐ за да нема ценовни шокови и да обезбедиме сигурно снабдување со струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВЛЕН: Нулта толеранција за насилството, без компромис со законот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови анкети: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со значителна предност пред СДСМ и Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска: Задолжувањата согласно планираното, јавниот долг останува во рамки на проектираното, Еврообврзницата во наредната година може да се реализира во 2 дела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директор и вработена во „Национални шуми“ приведени, во одделна акција одземени 400 кубици дрво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.