недела, ноември 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Директор и вработена во „Национални шуми“ приведени, во одделна акција одземени 400 кубици дрво

by Redakcija
10.10.2026
in Црна Хроника

Директорот на подружницата „Црн Бор“ во Прилеп и вработена во подружницата „Бабуна“ во Велес биле приведени во рамки на одделни постапки за сомнежи за незаконско постапување со дрвна маса. Ова го соопшти заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов.

За случајот во Велешко, полицијата претходно информираше дека на 7 октомври во селото Теово биле лишени од слобода три лица, меѓу кои и вработена во јавното претпријатие. Притоа биле одземени дрва и други предмети поврзани со случајот.

Михаилов наведе и дека во друга постапка била поднесена кривична пријава против вработен во подружницата во Свети Николе и против правно лице. Според неговите информации, проценетата штета во тој случај надминува 50.000 евра.

Во изминатите денови се спроведувале и акции за одземање возила и огревно дрво. Од правно лице во Скопско биле одземени околу 400 кубни метри дрво, со проценета вредност од околу два милиони денари, односно над 30.000 евра.

Според Михаилов, на оваа акција ѝ претходела десетдневна истрага, а била спроведена во координација со обвинителството, Министерството за внатрешни работи и Шумската полиција.

Тој посочи дека досегашните информации упатуваат на можно дејствување на организирана група поврзана со нелегален превоз и продажба на дрва. Се проверуваат индиции за активности на повеќе подрачја, од Скопска Црна Гора и Китка до Гостивар и Велес, како и евентуална вмешаност на лица од институциите.

Во своите објави Михаилов порача дека нема да има поделба на „наши“ и „ваши“ и дека секој што го прекршил законот треба да одговара.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

За едно деноноќие приведени 15 возачи: Седуммина возеле без дозвола, тројца под дејство на алкохол

За едно деноноќие приведени 15 возачи: Седуммина возеле без дозвола, тројца под дејство на алкохол

22.11.2026
Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон скопските клиники

Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон скопските клиники

22.11.2026
Нов инцидент поради кравите во Кривопаланечко: Три лица нападнале и тешко повредиле 67-годишна жена

Нов инцидент поради кравите во Кривопаланечко: Три лица нападнале и тешко повредиле 67-годишна жена

22.11.2026
Се трага по исчезнатото лице во Вардар кај Гостивар: Спасувачките екипи повторно на терен

Се трага по исчезнатото лице во Вардар кај Гостивар: Спасувачките екипи повторно на терен

22.11.2026
ВИДЕО | УБИЕН ПРИПАДНИК НА ШКАЉАРСКИОТ КЛАН: Откриена втора локација, пронајдени запалено возило и две пушки

ВИДЕО | УБИЕН ПРИПАДНИК НА ШКАЉАРСКИОТ КЛАН: Откриена втора локација, пронајдени запалено возило и две пушки

22.11.2026

Мистериозна смрт кај Смилковци: 38-годишен скопјанец пронајден мртов со прострелна рана

21.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Еве кога ќе има нова исплата од „МојДДВ“

6 месеци ago

Скандал во Валандово: Претседател и секретар осомничени за милионска злоупотреба 

5 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    ВИДЕО | НАЈНОВА ВЕСТ: Силна експлозија го потресе либиското пристаниште Бенгази: Горат руски воени бродови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонските владици на средба со рускиот  патријарх Кирил: Првпат во Москва како делегација на автокефална црква

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УХМР со портокалово предупредување: Силен ветер над 70 километри на час, потоа пристигнува студ до минус шест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави поевтини станови за млади брачни парови и повисок студентски оброк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | Сателитска снимка од нападот кај Бенгази: По рускиот воен брод, поморски дрон погодил и товарен брод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.